Тајните на Северниот Пол

Иако првата помисла на Северниот Пол нè асоцира на зима, снег, мраз, пустош… Сепак, на овој дел од планетата се кријаат многу интересни нешта за кои многу луѓе не знаат.

Жители на Сверниот Пол

Освен што на овој дел од светот живее Дедо Мраз, со своето семејство и помошниците, Сверниот Пол е едно навистина пусто место. На територијата на Северниот Пол, која припаѓа на Аљаска и Канада, живее племето Инуити. Што се однесува на животнскиот свет, овде може да се среднат поларни лисици, волци, верверици и бели мечки.

Што може да се прави на Северниот Пол?

Тоа што овде е доста студено и пусто, не значи дека е досадно. Дури и Северниот Пол има свој натпревар. Се работи за маратон кој е прогласен за најладен на светот, а се одржува од 2002 година. Покрај маратонот, можете да пливате во океанот, каде што во текот на летото температурата е поднослива и за луѓе, а не само за мечките.

Кога се зборува за Северниот Пол како туристичка дестинација, овде може да се најде простор и за авантуристите. Покрај крстарење, набљудување на моржеви и бели мечки, може да се капите во термални води и да ja набљудувате поларната светлина.

Овде сепак не е најладно

Иако една од првите асоцијации на Северниот Пол е студот, овде, сепак, не е најстудено. Температурата на Северниот Пол во зима паѓа под 42 степени Целзиусови под нула. Ова е потопло од јужниот пол, каде температурата се спушта повеќе од 60 степени Целзусови под нулата.

Надвор од сите временски зони

Со оглед на тоа дека овде сонцето изгрева и заоѓа еднаш годишно и нема премногу луѓе, овој дел од земјата не припаѓа на ниту една временска зона. Таа едноставно не е потребна.

Прочитајте неколку занимливости за Нова Година.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?