Skip to content

Предлог книга – Големиот Гетсби од Франсис Скот Фицџералд

Предлог книга денес е Големиот Гетсби од американскиот автор Франсис Скот Фицџералд.

Франсис Скот Фицџералд припаѓал на т.н. Изгубена генерација“ – група млади уметници кои се нашле  во целосно збунувачко опкружување после Првата светска војна. Тогаш, се изгубил целиот поредок што го познавале и сите вредности што претходно ги почитувале.

Изгубена генерација

Луѓето од изгубената генерација останале  без морален компас и единственото нешто што сè уште можеле да задржат за бесе биле нивните принципи. Човештвото, целосно ги оставило на цедило.

Романот го одбележува временскиот период кој Фицџералд го нарекол „Времето на Џезот“. Следејќи го шокот и хаосот на Првата светска војна, американското општество уживало во просперитет за време на 1920-тите, кога економијата напредувала. Во исто време, прохибицијата, забраната за продажба и производство на алкохол, ги направила нелегалните дистрибутери на алкохол милионери и довела до зголемување на организираниот криминал. Иако Фицџералд, како Ник Каравеј во неговиот роман, ги идолизирал богатството и гламурот од тој период, се чувстувал неудобно со неограничениот материјализам и недостигот на морал.

Фицџералд еден од најгласните говорници на неговата генерација

Во такви услови, Фицџералд бил од најгласните говорници на неговата генерација. Неговите романи ги отсликуваа младите Американци од повисоките класи, кои немаа посебна причина да живеат. Секој ден бил ист за нив, исполнет само со алкохол и досада. Секако, оделе постојано на разноразни забави, но тоа било само уште еден начин да ги направат нивните празни животи, барем навидум, без никаква цел.

Романите на Фицџералд се совршен портрет на потполно неуспешна ера и исто така на неуспешна генерација. Неговите херои се претежно направени од истиот калап – тој успеа да ги претстави и поврзе сите нивни мали, индивидуални маани и доблести како еден куп лузни и бразди на измаченото, бесцелно лице на американската младина во дваесеттите години на 20 век.

Големиот Гетсби – симбол на  пропадната младост

Книгата Големиот Гетсби за тема ја зема моралната декаденција, одбивноста кон промени, идеализамот, брзо подигнување на класите и секако американскиот сон. Ја покажува целата суровост и мрачна страна на американската аристократија.

Проблем со насловот

Фицџералд имал многу проблеми со насловот на романот. Имало многу различни верзии и романот за малку ќе добиел наслов Трималкио во Вест Ег, по римскиот император Трималкиј, кој организирал големи забави.

Човекот со големи очила – клучниот лик?

Ликот чие име не го знаеме, но го знаеме само под прекарот Був и носи големи очила симболизира подлабок увид во реалноста и истовремено служи како фатален знак. Тој е еден од клучните ликови во романот, иако се појавува само неколку пати. За првпат се појавува во библиотеката, каде му се воодушевува на фактот дека книгите се вистински, но истовремено посочува дека се целосно нови и не се ни прочитани. Ова ни докажува дека Гетсби е всушност измама – иако ги купил сите тие книги, тие служат само за одржување на илузијата за неговото образование во Оксфорд.

Предвидување на несреќа

Во друго место, Був служи како еден вид предвидување. Тој учествувал во сообраќајна несреќа, а кога излегол од автомобилот, откривме дека се наоѓа на совозачкото седиште и дека тој всушност не го управува автомобилот. Ова се покажа како скоро пророчки момент бидејќи ситуацијата е идентична со онаа кога Дејзи управува автомобил и ја убива г-ѓа Вилсон, а Гетсби завршува како виновник.

Бувот е симбол на смрт

По трет пат, се среќаваме со човекот – Був на погребот на Гетсби. Тој е единствениот од сите луѓе што биле  на забавите на Гетсби, кои дојдоа да се простат од него. Дури и тогаш тој не зборува нешто многу. Постојат две причини зошто името Був е избрано за оваа чудна личност, што всушност значи неколку клучни настани во романот. Како прво, бувовите се добро познат симбол на мудроста, а тоа може да биде и објаснувањето за нејзиното прво појавување.

Од друга страна, бувот е многу добро познат во Африка како симбол на смртта, и тоа верување се раширило низ целиот свет. За време на сообраќајна несреќа, тој ги комбинира овие два елементи (мудрост и смрт), предвидувајќи трагедија, и за време на неговото последно појавување, тој целосно означува смрт затоа што се појавува на погреб.

Не е важно што, но како

Сè што претставува Бувот во романот „Големиот Гетсби“ ни кажува дека некои теми се универзални, истовремено давајќи ни до знаење дека нема крај на она што го прават големите писатели за да се занимаваат со истите теми.

Според формата анегдота, самата приказна за Гетсби е очигледно неважна. Наспроти првиот впечаток дека Фицџералд сака да раскаже приказна за два љубовни триаголника, тој паралелно (свесно или несвесно) дава уште една, поубава и повозбудлива слика на длабокиот внатрешен живот во целата негова разновидност.

Фицџералд не го сакал високото општество

Всушност, во романот е јасно присутна амбивалентноста на самиот Фицџералд, кој долго се борел да влезе во високото општество, во светот на богатите, кои свесно или потсвесно ги мразел и тешко се снаоѓал во нивниот свет. Во таа смисла, Фицџералд рекол дека Гетсби е неговиот „постар брат“. Инаку, не може да се избегне впечатокот дека Гетсби е единствениот жив лик во романот, додека другите ликови постојат речиси само на хартија, а не како живи луѓе, повеќе како симболи.

Психолошки роман со мајсторски изградени реченици

Можеби тие се намерно прикажани така со цел главниот лик да се претстави попластично. Во секој случај, наспроти тривијалната приказна, романот е изграден од најфин психолошки материјал, а секоја реченица и секој збор Фицџералд мајсторски ги дотерал. „Големиот Гетсби“ е резултат на огромен труд и служи како доказ дека големиот уметник е способен дури и баналната анегдота да ја претвори во вистинско уметничко дело.

Ова мајсторско дело навистина треба да биде на вашата полица и секако погледнете го холивудскиот филм кој нема да ве остави рамнодушни.

Напишете коментар