Skip to content

Дефиницијата на трите точки – Виктор Кадинец

  • by

Злосторство е…

Злосторство е јас тебе да те впијам до мене,

како коктел на плажа,

со полустопен мраз.

Злосторство е да ти напишам поема,

а непрочитана да остане,

како 100 годишна книга која фатила прав.

Злосторство е да застанам зад тебе

и 180 степени да те свртам пред себе,

како  птица на кабел од далновод,

нестрашлива среде бура.

Злосторство е да ти шепнам на увце,

топла мисла,

а да не ја истетовирам на дланка.

Ти и викаш десно, таа лево.

 

Грев е…

Кога бараш. Бараш мир.

Кога те бара. Бараш причина.

Добрината нема цена.

Совеста како заложник не те зема,

ниту јад имаш со задоцнета дума,

ниту пливаш во диви води.

Питомост те води кревка,

мирна мисла среде логика, не побарана.

Стихија од венец на добри дела,

мирна мисла среде логика, добиена.

Скриена, ета така добиена,

не побарана мирнотија,

а грешна мисла на челото тетовирана.

Ти и викаш лево, таа десно.

 

И се прашуваш каде.

Лево, десно?

Кој пат, која дума?

И додека се прашуваш, разбираш дека:

Злосторство е, ама не е грев…

Единственото злосторство,

кое не е грев – е да љубиш без совест.

Грев е, ама не е злосторство…

Единствениот грев,

кој не е злосторство,

на душа ти лежи.

Гревот јади.

Злосторството те теши дека не е грев.

Јадот и утехата не одат под рака,

ниту дланки му се топлат преку стакло.

Едната лево-јадот.

Друга десно-утехата.

Дилемата има лево и десно.

 

А како треба?

Треба само право,

Зошто сè ќе биде.

На едно место, во некое време.

Злосторство без грев.

Грев без злосторство.

Љубов без дилеми.

Таа вреди да се пречека,

почека,

побара.

Но прво треба да се разбери,

без размери,

…дефиницијата на трите точки.

Виктор Кадинец

Напишете коментар