Занимливости и информации Мотивација Поучни приказни Психолошко катче Совети

Три состојки за сигурен успех во новата година

Во оваа приказна се наоѓаат три состојки за сигурен успех. Неверојатно е колку важни пораки може да добиеме од една кратка  и едноставна приказна. Затоа, внимателно прочитајте ја:

Две момчиња се лизгале на замрзнатото езеро. Денот бил облачен и студен. Мразот одеднаш попуштил и едно од момчињата пропаднало во водата. Не било длабоко, но мразот почнал да се стега пак. Другото момче истрчало на брегот, зело еден камен и се стрчало до пропаднатото момче. Со сета сила го скршил мразот. Го фатил пријателот за рака и го извлекол од водата. Кога стигнале пожарникарите, зачудено прашале: „Како успеа само со каменот и со своите слаби раце да скршиш толкав мраз?“. Момчето не знаело да одговори. Еден од нив тогаш рекол: „Јас знам како успеал. Немало кој да му каже дека тоа е невозможно.“

Чуда се случуваат кога одиме кон својата цел. Ја гледаме само неа и се движиме само кон нејзе. Препреките не ги забележуваме. Тоа го докажува и момчето кое сакало само да му помогне на својот пријател. Тој не гледал никаква препрека. Решението се наоѓало во кршењето на мразот. Но, од каде му дошла силата? Од желбата да ѝ се помогне на саканата личност. Пријателството била мотивацијата која на ова момче му дала снага. Љубовта секогаш е главен двигател.

Немало никој да му каже дека тоа е невозможно

Препреката која многу луѓе ја земаат при срце е туѓото мислење. Мислењето на другите кое ни вели дека нема да успееме, кое не обесхрабрува и кое не верува во нас, велејќи ни дека тоа што го правиме е невозможно. Ако се предадеме на туѓата проценка, ако им веруваме на другите повеќе од себеси, неуспехот е сигурен.

„Ако си тргнал кон целта и патем си почнал да зашетуваш и да гаѓаш со камења по секој пес кој лае на тебе, никогаш нема да стигнеш до целта“ – Достоевски

На нашиот пат секогаш ќе има луѓе кои ќе го раскажуваат само она што тие го доживеале. Секој кој не верува секогаш ќе ги омаловажува и исмејува соништата на другите. Секој кој доживеал неуспех и се откажал од својата цел, огорчено ќе зборува дека тоа е невозможно. Треба да бидеме свесни дека тоа што го кажуваат другите е проекција на нивната внатрешна стварност, но не и на нашата.

Три состојки за сигурен успех во новата година

Сетете се на момчето од оваа приказна. Малите слаби рачиња со тежок камен го скршиле дебелиот мраз. Како? Затоа што немало кој да му каже дека тоа е невозможно. Немало друга опција, освен да го спаси својот пријател. Момчето не размислувало дали може или не може, тоа размислувало што да направи.

„Никогаш нема да знаеш колку си јак, се додека да бидеш јак е единствениот избор кој го имаш“ – Боб Марли

Во приказната има многу важна состојка – фокус. Нека вашиот фокус биде усмерен кон вашата цел. Толку нека биде изострен, што сето околу ќе изгледа матно. Сè што е надвор од фокусот не е важно. Она што е важно се препреките кои доаѓаат во различен облик, како деструктивни критики, страв од неуспех, туѓото мислење… На тоа не треба да му се придава значење.

Втора важна состојка – акција. Нема ништо без акција и работа. Да се засукаат ракавите и да се почне, без претерано размислување за препреките и стравовите. Значи, работа и само работа фокусирана на целта.

„Силата се јавува во моменти кога сме водени од љубов и кога сме фокусирани на решението ја преземаме потребната акција.“

Трета состојка – ослободување од претерано размислување. Ако момчето мислело дека нема да го крене каменот или дека нема да го скрши мразот, најверојатно немало ни да успее. Токму претераното размислување, кое е најчесто негативно и анализата ги кочат луѓето да го направат првиот чекор.

„Направете го првиот чекор, верувајте и продолжете понатаму.“

Секогаш може да се сетите на приказната за момчето водено од љубовта и фокусирано кон својата цел. Така и вие, водени од љубовта, фокусирани тргнете во акција, како вашата цел да е единствено нешто што постои, како вашиот живот да зависи од тоа. Тогаш ќе ја добијате потребната сила и ќе ги остварите своите соништа. Верувајте во себе, во своите соништа. Можете да го остварите она што сте го наумиле. Не верувајте им на оние кои велат дека тоа е невозможно.

„Сè е можно само за оние кои веруваат.“

Прочитајте ја оваа приказна за креативното размислување.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје