Декември ме уби,
ме прошалата,
ко родител дете ме порасна.
А имаше време,
ова време прошла година,
кога ќе си ја продадев душата на ѓаволот на крстосница за само еден момент со тебе.
За само едно узминување,
прошепотено здраво во студената ноќ на скалите,
па илјада мисли во главата од типот “Ајде насмеј се”.
Ме уби,
ме уби месецов ко ништо досега,
душевно ме претепа и ме исфрли од колосег,
па заборавив на Халмарк филмовите и вртењето в снег,
разни сценарија ко мисли небитни излетаа од главава.
Редно беше шамари да добијам,
една вечер, мислејќи се себеси да не можам да заспијам.
Сѐ изгубив,
ко што дете губи стари – сакани чевли,
се пронајдов повторно овој декември.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.