Каков бил последниот период од животот на Сергеј Есенин?

Сергеј Александрович Есенин бил роден на 3 октомври 1895 година, а животот го завршил на 28 декември 1925 година. Бил руски и советски поет.

Последната година од животот на Есенин била исполнета со агонија и неподносливо, налудничаво и малициозно однесување, но и покрај тоа, овој период бил неверојатно плоден на поетски план. „Не можам да ги запрам (песните). Тоа е просто како навиена машина“, Есенин им се доверувал на пријателите.

Есента 1924 и почетокот на 1925 година, одредено време престојувал на Кавказ (во Тбилиси, Батум и Баку), а во 1925 година за последен пат ја посетил родната куќа.

Последен обид за спас

Истата година се оженил со Софија Андреевна Толстоја, која се обидувала да му помогне и да го извлече од пијанството и психичката криза, но и покрај сите обиди да го спаси, Есенин доживеал целосен ментален слом. Од крајот на ноември до 20 декември 1925 тој престојувал во болница, каде што се лекувал.

Вечерта на 23 декември 1925 година, Есенин отишол кај сестрите во Замоскворечје и без да се поздрави заминал во својата соба и ги собрал сите свои работи. Пристигнал во Петроград на 24 декември утрото и отседнал во хотелот „Англетер“, во собата број 5. Во неа пред три години отседнале заедно со Исидора. Болно вознемирен, се чувстувал страшно осамен, особено навечер, кога требало да остане сам. Ноќта, помеѓу 26 и 27 декември си ги пресекол вените и со сопствената крв ја напишал својата последна песна „До гледање, пријателу, до гледање“.

Втор и успешен обид за убиство

Вечерта на 27 декември, додека вечерал во хотелскиот ресторан, бил страшно замислен и тажен и пушел нервозно и неспокојно. Во текот на вечерта, трчал низ ходниците на хотелот, тропал на вратите во налудничав транс и барал некого. Ноќта, помеѓу 27 и 28 декември, повторно си ги пресекол вените, но не успеал да се убие. Тогаш го извадил јажето со кое му бил врзан багажот и се обесил на цевката за парно греење.

Есенин бил погребан на Вагањските гробишта во Москва, на 30 декември 1925 година. На комеморацијата по повод неговата смрт пеел оперскиот пејач Л. В. Собинов, додека литературниот критичар П. С. Коган напишал пофална статија за Есенин која Мајаковски ја нападнал како лажна и непотребна. Огорчен поради смртта на Есенин, во 1926 година, Мајаковски ја напишал песната „На Сергеј Есенин“ во која ја парафразира последната строфа од последната песна на Есенин, пишувајќи:

Во овој живот

лесно е да се умре

да се негува животот

далеку е потешко.

Прочитајте и за (Не)љубовната поезија на Есенин и Песната напишана во негова чест.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?