Skip to content

Стихови за тебе – Ирена Блажеска

  • by

Ќе ти ги подарам

Најубавите стихови

Извезени со ситни букви

Изрезбани низ воздишки

Напишани низ солзи радосни.

Ќе ти подарам и свет

Во кој тивко шепоти иднината

Во кој молчи тагата

Во кој тежнее насмевката.

Свет во кој има само навики

Свет во кој лебдат погледи.

Ќе ти подарам и сон

А во него

Ние среќни

За рацете фатени без осуди

Со надежи

Ќе ти подарам сѐ

Само да бидеш среќен до мене

Да бидеш единствен.

Ирена Блажеска

Напишете коментар