Skip to content

Прегратка

Прегратката е повеќе

од допир на две тела,

таа е порака која вели:

„Тука сум, со мене е безбедно“,

тој е столб на едно пријателство кое порачува:

„Тука сум во секое време!“

Прегратката е тивок, но видлив знак

дека некој ти значи,

дека некому значиш,

таа е темел на љубовта, испраќа порака:

„Нема да те пуштам, сакам да си блиску до мене,

покрај тебе се гледам себе“.

Прегратката е знак на смирување после кавга

доаѓа после лутината

и тогаш значи:

„Со преграткава склучуваме мир,

ништо не е поважно од нас двајца во овој миг“.

Предолга е листата

на оние кои сакам да ги прегрнам,

но една посебна прегратка чувам за оној

во чија прегратка ќе биде мојот дом.

Н.Н

Напишете коментар