Денот и ноќта се порамнија со твоите прегратки
Црното стана бело, а белото сиво
Тешка е како олово ноќва
Но има една ѕвезда која сјае
И го нагостевува твоето доаѓање.
Нова надеж, ново утро,
Поубав свет.
Денот и ноќта се порамнија во твоите очи
Зеленото стана црно, а црното сино
Тежок е како судбина денов
Но има една ѕвезда која сјае
И го наговестува твоето јавување,
На полноќ, во црно синило
Во посветол свет.
Денот и ноќта се порамнија во твоите чекори
Брзиот стана бавен, бавниот стана спор
Тежок е чекорот на уморен коњаник
Но има една ѕвезда која сјае
И го разбранува тивкиот поток
Во одсјајот на твоето сонце.
Денот и ноќта се порамнија во твојот глас
Басот стана баритон, баритонот стана бас
Гласен е крикот во ноќта на напуштените,
Но има една ѕвезда која сјае
И знам дека ќе дојдеш, зошто ти си спасение,
Спасение за нас заборавените.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.