Седеше во аголот
на приземната соба
малку лад, малку глад
лист по лист тутунот
во низа се нижеше
а таа дете од пет,
шест, седум години
како и се мижеше.
Од спротива други деца
со лепчина лакомо уживаа
а таа ги гледаше жедно
ех чедо вредно, бедно.
Лист по лист нижеше
лист по лист и од книга
разумно со години учеше
во глава топол живот и бучеше.
И успеа дама стана
вредна, животот тежок
бедотијата престана.
Ама пусто туѓо перје
се издигна над нејзина глава
Лакомо низ прозор и ѕиркаше
лакомо, радосно свиркаше.
Пак во аголот седеше
со милост своите нешта
ги редеше
болката си ја смируваше
снагата ја одмараше
и песни пишуваше
собата ја милуваше.
Менче Кадинец