За повеќето луѓе терминот женска приказна веднаш предизвикува доза на незадоволство. Најчесто сакаат да тврдат дека жените читаат и гледаат само глупости. Затоа сè што е женствено мора да биде поврзано со шопинг, нокти и фризури. Но не! Ова е женска приказна која ве допира до срж. Во неа толку многу се препознавате што тоа може да биде шокантно за вас. Додека не ја прочитате, можеби не сте ни свесни дека ги имате тие чувства во вас.
Жената која ја напишала книгата „Мојата генијална другарка“ го крие својот идентитет зад псевдонимот Елена Феранте. Раскажувачот во книгата се вика Елена. Приказната започнува кога синот на нејзината најдобра пријателка, Лила, ќе ѝ каже дека исчезнала без трага. Тогаш почнува да се распетлува клопче од спомени и сеќавања.
Родени во сиромашно маало во Неапол во 50-тите години на минатиот век, двете девојки се обединуваат. Од една страна ја имаме Елена, која е вистинско златно дете и сите ја сакаат затоа што е паметна, пријатна и вредна. Од друга страна ја имаме Лила, која исто така ја сакаат сите. Сепак, малку ѝ се плашат заради нејзината интелегенција, нескротливот темперамент и остриот јазик.
Незнаењето, беспарицата и насилството одат рака под рака. Така е и тука. Елена и Лила од мали нозе гледаат како мажите од нивната околина се однесуваат со жените. Се разбира, тие подоцна го чувствуваат тоа на своја кожа. Машко-женските врски се многу важен дел од оваа приказна, како и огромниот спектар на ликови кои се дел од неа. Иако ова е книга за две жени, тука мажите добиваат многу важна улога и се многу впечатливи.
Неапол – град кој станува еден книжевните ликови
На почетокот на книгата има список од ликовите, а сите се исклучително сложени. Тие се толку добро опишани што буквално знаеме како изгледаат и како се однесуваат. Секој од нив придонесува да се види како изгледа Неапол во тоа време, но и да се покаже што е можно подобро односот меѓу Елена и Лила. Самиот Неапол е важен лик во приказната. а е град кој за многу Италијанци е симбол на материјална, морална и духовна мизерија. Шетајќи низ неговите улици, иако самиот град е фантастичен и мега-интересен, може да се почувствува атмосферата што книгата ја прикажува толку верно.
Елена и Лила се обожаваат една со друга, но на моменти таа љубов е испреплетена со некоја чудна огорченост. Додека двете копнеат за да се школуваат, само една добива шанса да го стори тоа. Другата е осудена на работа со нејзиниот татко и брат во работилница за чевли. Иако Елена е поуспешна во текот на целата приказна, Лила секогаш успева да направи нешто што ќе предизвика огорченост и чувство дека не е доволно добра. Токму тие чувства се главен и централен дел на оваа приказна. Тие не се лоши или злобни, сепак се сакаат и се само луѓе. Сепак, на крајот од книгата, сфаќаме каква генијална пријателка е една од нив.
Таа човечност е она што ја прави Феранте посебна – таа го кажува она што го чувствува, чувствувајќи и срам. И покрај тој срам, таа сепак е искрена. Оваа книга отвора многу прашања што жените си ги поставуваат секојдневно. Дали сум добра сопруга? Дали сум добра мајка ако кариерата ми е важна? Дали е во ред да се чувствуваме засрамени од околината од која доаѓаме? И, дали имаме право да се отцепиме од неа затоа што мислиме дека сме над неа? И, колку можеме воопшто да избегаме од тоа?
Прочитајте зошто „1984“ од Џорџ Орвел е толку значајна.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.