Ова е еден од оние мотивирачки текстови кои служат за да ве потсетат на она што веќе добро го знаете. Но, нема да биде лошо доколку се потсетиме. Не е залудно речено дека повторувањето е мајка на знаењето.
Прочитајте ги во продолжение следниве седум “принципи“ кои функционираат во ваша корист ако ги разберете убаво.
1. Не барајте изговор
Постојат доволно прилики во животот за да го работите и да живеете како што сакате, постои само недоволно одлучност тоа да го остварите. Луѓето секогаш велат: Не можете да преживеете ако го работите она што го сакате! – И додека ова го говорат, некаде други луѓе навистина живеат работејќи го она што го сакаат. Бидејќи во себе си рекле дека тоа е невозможно навистина не се случило.
Она што си го велите дека не може да се направи некои други го прават наместо вас во овој момент. Разликата е само во тоа што тие не сакале да ги слушаат оние кои им велеле дека тоа не можат и дека не се доволно луди да веруваат дека тоа што е невозможно е навистина многу возможно. Кого слушате вие? Ги слушате ли луѓето кои ви говорат да бидете реални или ги слушате оние кои ви велат дека е сè возможно ако навистина го посакувате?
2. Она што е внатре излегува надвор
Кога силно ќе го притиснете портокалот излегува сок бидејќи тоа го има внатре. Кога некој ќе ве притисне, она што излегува од вас е вашата внатрешност. Дали некогаш сте слушнале кога некое дете ќе опцуе пред родителите и потоа одговорот: Ми излета. Тоа не е случајност, излетало бидејќи го држело во себе. Тие зборови мора да бидат во вас за да излезат од вас. Резултатите кои ги имате во животот не се случајност, тие се последница на она што е во вас.
Ако сакате промена мора да се промените себеси одвнатре, а внатрешноста ја менувате така што ќе го промените она на коешто размислувате. Кога го трошите вашето време фокусирајќи се и размислувајќи на позитивните нешта, тие ќе почнат да се појавуваат.
3. Прво поверувајте
Ќе видите тогаш кога ќе поверувате. Ако сакате да бидете успешни, прво мора да верувате дека сте успешни. Кога ќе верувате во нешто, тоа станува реалност. Исто како кога сакате да почувствувате топлина од огнот, мора прво да ставите дрва за да добиете топлина. На ист начин функционира и она кога сакате да манифестирате нешто во вашиот живот. Моќта на самодовербата игра клучна улога, а кога неа ќе ја поседувате вистински и кога верувате, сè во коешто имате верба ќе стане ваша реалност.
4. Перцепцијата е еднаква на реалностa
Луѓето кои сакаат живеат во сакан свет. Непријателксите настроени луѓе живеат во непријателски свет. Тој е истиот свет. Успешните луѓе живеат во успешен свет, а неуспешните во неуспешен. Истиот свет е. Разликата е само во перцепцијата, односно како вие го гледате светот околу вас. Дали светот ви посакува добро или лошо? Дали ви помага светот да постигнете успех или неуспех? Вашата перцепција е ваша реалност што се потврдува со познатата изрека: „Кога ќе го промените начинот на кој ги набљудувате работите, работите кои ги набљудувате ќе се променат“.
5. Сè што е создадено решава проблем
Во универзумот сè има своја цел. Невидливата интелигенција која се движи на целисходен начин исто така се движи низ вас. Сè што е создадено решава проблем, создадени сте да ја решите секоја препрека и вашиот успех зависи од вашите способности да го откриете тој проблем и да го решите. Наоѓањето на проблемот е откривање на вашата цел, а решението на тој проблем е исполнување на вашата цел.
6. Исклучителноста се исплаќа
Никогаш нема гужва на дополнителниот километар. Некои велат дека исклучителност е кога добро ги правите обичните нешта. Дополнителното е она што ја прави исклучителноста. Тоа значи дека кога сите се уморни и сакаат да се откажат, вие продолжувате уште еден километар. Тој дополнителен километар е разликата која ги одвојува победниците од губитниците. Ги правите ли вие тие дополнителни чекори?
7. Намерите ја креираат реалноста
Вашите намери ја креираат вашата реалност. Кои се вашите намери? Со други зборови, кои се вашите планови? Имате ли план за големи нешта или немате воопшто? Намерите кои го консумираат вашиот ум ја креираат вашата реалност. Затоа планирајте ги големите нешта, не ви треба повеќе време од планирање на малите планови. Планирајте го својот живот каков што сакате да биде. Верувајте дека сè што сте испланирале е возможно и ќе живеете живот каков што сте планирале.
Прочитајте и дознајте кои се 8 начини за враќање на контролата врз мисли и ум.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.