Камен на камен

Камен на камен – камен,
искра по искра – пламен,
желба по желба – мамка,
во песнава, стиховите се замка.

Слушајте гласно!
Разберете јасно!

Камен на камен – камен,
поетски збор над зборовите главен,
вистина подолу над вистини – блесок,
на масата со раката силен тресок.

Слушајте гласно!
Разберете јасно!

Камен на камен – камен,
само зборови на човек мамен!
Усни на усни – болка,
живот без љубов – школка.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?