Дали навистина знаете како се заљубувате? Како стапувате во врска и како останувате во неа? Дали навистина станува збор за љубов или нешто друго? Еве што вели науката за тоа.
Заљубувањето се случува во една петтина од секунда
Потребна е една петтина од секунда за активирање на хемикалијата што автоматски ја активира еуфоријата. Тоа влијае на мозокот, па така некој го гледате како посебен за вас. Научници кои се занимаваат со проучување на мозочните активности на љубовниците укажуваат на тоа дека се акитивираат 12 различни области на мозокот. Кога гледате или размислувате за некој близок, низ мозокот се ослободува вистински коктел од невротрансмитери, коj вклучува окситоцин, допамин, вазопресин и адреналин.
Мозокот ја добива истата „работа“ од љубовта како и од мала доза на кокаин.
Мозочна мапа на љубовта и страста
Научни студии кои се занимаваат со проучување на нервната разлика помеѓу љубовта и сексуалната желба откриваат неверојатни преклопувања и непомирливи разлики. Истражувањата покажуваат дека некои неверојатно слични мрежи на мозокот се активираат и кога станува збор за љубовта и кога станува збор за страста. Затоа, ние често не можеме да разликуваме што е во прашање.
Науката сугерира дека сексуалната желба е нешто повеќе од основна емоција. Активира мотивација насочена кон постигнување на цел и голем број напредни мисли кои не ги постигнуваме на дневна основа.
Бакнувањето ни помага да одлучиме
Студии направени на оваа тема заклучуваат дека, меѓу другото, бакнувањето е клучно кога се прашуваме дали да се обидеме да бидеме со некого, а сепак да останеме со нив. Жените особено го ценат бакнувањето, а повеќе промискуитетни припадници на двата пола заклучиле дека бакнувањето е исклучително важно при тестирање на нов партнер.
Бакнувањето не е важно само на почетокот на врската. Истото е важно и да се одржи врската.
Значењето на малите нешта
Живееме во високо комерцијален свет каде постои верување дека љубовта може да се купи и продаде, па затоа е многу важно да се потсетиме дека малите нешта се важни во животот и љубовта. Истражувања за психологијата на љубовта на над 4.000 испитаници открива дека едноставните постапки на заљубезност, како што е носење топла чаша чај во кревет, привлекување внимание кон партнерот кој изгледа добро без облека или подготвува оброци, чинат најмногу.
Партнерите почнуваат да наликуваат еден на друг по 25 години
Луѓето кои живеат заедно 25 години почнуваат да ги добиваат истите карактеристики на лицето и изразите на лицето. Студиите за љубовта дошле до овој заклучок откако паровите биле оценети од набудувачи кои никогаш не ги виделе. Ова може да биде предизвикано од сличности во исхраната, животната средина, личноста и како резултат на емпатија со партнерот со текот на годините.
Поврзувањето на далечина може да успее
Иако мислиме дека врските на далечина не успеваат, многумина веруваат во спротивното. Можна е врска на далечина. Оваа врска е остварлива со два фактори: партнерите мора да зборуваат меѓусебно поинтимно и мора да го идеализираат партнерот. Луѓето во врски на далечина се посреќни и постабилни.
Прочитајте каква е љубовта денес и дали навистина постои страв од романтика.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.