Љубовта денес: Дали постои страв од романтика?

Можеби ќе се согласите со Ана Каренина, дека има онолку љубови колку што има и срца. Ова е сосема точно бидејќи љубовта е индивидуално искуство на секој поединец.

На прашањето дали филозофијата на модерната љубов се разликува од онаа во претходните времиња, а особено дали денес постои страв од вљубување и страстна љубов, чиј опис Стендал го дал во неговиот есеј „За љубовта“, не е лесно да се одговори.

Во тој есеј, Стендал ги опишува фазите низ кои минува оној кој ќе се заљуби. Стендал го воведува поимот за кристализација, што значи „дело на дух кој во сѐ што се појавува пред него открива дека саканата личност поседува нови совршенства“. Според тоа, кристализацијата е процес кој се случува во романтичната љубов.

Психоаналитички толкувања

Емоционалниот живот и љубовните врски на секоја личност се определуваат индивидуално во свесниот дел на личноста. Но всушност голем дел од процесите се случуваат во несвесното, ако ја прифатиме психоанализата.

Таа исто така нѐ предупредува дека влијанието на несвесниот семеен живот на нашите родители и несвесните перцепции што доаѓаат од нашето детство играат значајна улога во обликувањето на нашата врска со спротивниот пол.

Се чини дека сме под силно влијание на минатото и тука нѝ нема помош. Така се толкуваат бесконените и упорните повторувања на истите љубовни обрасци низ нашиот зрел живот. Некои луѓе влегуваат од една врска во друга врска, со слични карактеристики, избираат погрешни партнери. Се добива впечаток дека се осудени на истите повторувања и не можат да излезат од магичниот круг.

Силната судбинска заљубеност се објаснува во психоаналитичката терминологија како трансфер на либидото од Јас на саканата личност.

Со оглед на тоа дека оваа способност не зависи од надворешните трендови, туку од тоа дали поединците според својата психолошка конституција се подложни на тоа или не, би рекле дека психоаналитичарите зљубувањето не го сфаќаат како предмет на модата или како појава на која рационално би ѝ се опирале.

Таа се случува или не. А за да се случи мора барем еден од двајцата да биде способен за долгорочно идеализрање на саканата личност.

Романтичната љубов во споредба со неромантичната

Романтична љубов во обичниот живот се смета онаа која предизвикува силни љубовни чувства кои ненадејно нѐ обземаат, не зависат од нашата волја и го менуваат нашиот живот така што љубениот станува центар на нашиот свет. Нашите најискрени надежи, блажество или проклетство зависат од погледот на саканата личност, малите знаци на внимание, суптилните движења кои ги забележуваат само вљубените еден во друг.

Од една страна романтичната заљубеност е исклучителна состојба, која ги фрла заљубените во оган од прекрасни чувства на очекувања, надежи, стравови и страсти. Но можни проблеми од таквата состојба се: изложеност која секому не му е пријатна затоа што вашата среќа или несреќа сега зависат од друг; таквата заљубеност може да остане еднострана; разочарување кога емоциите ќе оладат. Ваквата состојба може да предизвика разни форми на страдање, депресија и болно губење на илузиите.

Преовладува мислењето дека денес постои тренд на намерно бегство од страсна љубов, однапред чување на буре од емоции, непредвидливост и болка што можат да се појават во врската.

Во „Пуста земја“ од Елиот е опишан страов од предавање 

Отприлика, како стравот од предавање, кој е опишан во „Пустата земја“ од Елиот, каде што судбината зависи од вистинската љубов меѓу маж и жена. Додека Елиот слика галерија од неуспешни парови испаѓа дека таква љубов и таков пар нема.

Очигледно, современите момци и девојки се внимателни. Попрво би избрале стабилна врска без многу љубов, но и без непријатни последици од истата. Или во целост избегнуваат било каков вид врзување, живеат осамено или во врска со површни партнери кои често ги менуваат.

Во неромантичната љубов, покрај овие елеменит на избегнување на љубовната болка, присутен е и друг рационален елемент. Тоа е желбата за општествен статус и престиж, па љубовта може да им се прилагоди ним или да се замени со истите. Можеби славниот пар нема да ужива во страсната љубов, но партнерите пак ќе имаат склоност еден кон друг. Склоноста се јавува заради желбата за гламурозен живот, покажување на успех и богатство, уметнички амбиции и сл.

Денес среќаваме многу парови, каде партнерите се деловни соработници. Тоа може одлично и доготрајно да функционира.

Дознајте што е нарцистичко пореметување на личноста.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?