20 совети од детски психијатар: Како да се однесуваат родителите со своите деца?

Децата се најголемото богатство, тие му даваат смисла на животот и го обојуваат во шарени бои. Покрај големиот број теориски и експертски совети за кој е правилниот начин на воспитување и одлгедување деца, сепак најважно е она знаење кое родителите го стекнуваат од сопственото искуство.

Ние во продолжение ви пренесуваме 20 совети кои ги препорачува детски психијатар. Вие одлучете сами колку треба да ги практикувате овие негови препораки и дали можете да ги примените во пракса.

1. „Ниеден родител не им рекол на своите деца да крадат, да се тепаат по натпревари, а децата сето тоа го прават. Според тоа, станува збор за еден друг проблем во воспитниот процес. Ако таткото и мајката се расправаат, а потоа му велат на детето тоа да не се расправа и да биде пристојно, тоа е бесмислено! Проблемот е во тоа што децата се воспитуваат со гледање.“

2. „Детето мора нас да нè упива, да нè гледа низ животот! Никој не ги воспитувал своите деца со упатства. Воспитувањето е нормален, емоционален и спонтан однос со нашите деца. Како се однесуваме, како изгледале, тоа и воспитуваме. Воспитниот процес во сушитна е нашиот живот!“

3. „Некои велат: „Имаме сега и куќа и децата своја соба и телевизор и пак не сакаат да учат?, “Па нема да учат затоа што ни тато ни мама ништо не учат. Не читаат ниту весници, а камоли книги!“

4. „Проблемот е дали на нашето дете доволно му импонираме како луѓе, дали би нè имитрало? Или за него сме само некои тато и мама, а тоа имитира некои други, кои биле поупадливи, поблиски, позабележителни?“

5. „Како се однесуваме, како изгледме, со тоа воспитуваме. Миеме ли заби или само бараме од детето да ги мие забите? Ги миеме ли рацете и после јадење или тоа само го бараме од детето? Ако ние то не го правиме, а го бараме од детето тогаш сме во конфликт, а ниту тоа нема да ни верува нам, а ниту ние нему му веруваме.“

6. „Мораме да знаеме што може детето, што можеме да му дозволиме. Со страв, но сепак мораме. Кога ќе прекинеме да се грижиме? Не можеме да прекинеме, но мораме да прекинеме во пречењето детето да порасне. Колку повеќе го заштитуваш толку помалку го штитиш!“

7. „Ние мораме нашите деца да ги инспирираме и да ги поттикнуваме да учат. Но мораме да знеате и дека децата ќе бидат успешна само ако го засакаат учењето. Мораме да се обидеме да им го направиме слатко учењето, за тие да сакаат да учат! Не е исто дали ние детето само го “малтретирам“ да учи или ние со него заедно учиме. Никогаш не треба на детето да му речете: „Оди учи, оди работи! Ако успеете да го мотивирати тоа само ќе сака да работи. Ако не сме успеале, мора да го натераме. Се вели: „Немој да го сотреш стариот бунар додека ѕидаш нов“. Додека не најдеме некои правилни методи, не смееме да го запуштиме она што дотогаш сме го имале.“

8. „ Поставувањето на детето како смисла на сопствениот живот и потоа од таа “смисла“ да се бара повратна врска со однапред испланирана добробит како возвраќање потсетув на сите празноверни кругови чијшто образец е фрлање паричка во фонтанта и очекување дека таа “жртва“ ќе се возврати со некоја посакувана среќа уште вечерта.“

9. „Детството го загрозуваат и оние родителите кои полегнале кон отфралње на сопствените животи, давајќи им ја својата “родителска пожртвуваност“ и заштита, занемарувајќи ги своите работни обврски, напредување во струката и напуштање на работното место “за да се посветат на децата“.“

10. „Во човечката природа постојат љубови кон не бараат возвраќње. Една од таквите љубови е и онаа кон децата. Човечкиот копнеж за детето остава обележје на човечкото битите и тогаш кога тоа целосно ќе се осамостои и биолошки и социјално. И кога ќе замине од нас во некој бел свет, кога воопшто повеќе нема да му бидеме потребни, копнежот за кој не бараме да ни биде возвратен и ако тоа тихо во себеси го очекуваме.“

11. „Не се проблем фабриките за играчки туку нашите страсти и неодмереноста поради духовната мрзливост да се потрудиме, да разбереме барем со оние кои ги сакаме, а како родители им го демонстрираме на своите деца секој ден од утро до вечер. Од однесувањето на ние родителите и на возрасните особи во опкружувањето зависи дали нашите деца од гумени пушки и тенкови ќе градат огради измеѓу кои ќе се “хранат“ или “лекуваат“ елени, зајачиња или шимпанза, како и тоа за волја на вистината би можело да се види на ТВ програмите или со тие предмети ќе тргнат да ги убиваат соседите.“

12. „Секое дете мора како бршлен да се сврти околу некој идентификациски примерок кој ќе го импресионира на прво место со своето квалитетно разбирање на неговата личност и кој ќе биде погоден околу него да го “развива“ она што би сакало да биде и ќе го поседува како особа пред другите, во некои времиња за кои сонува.“

13. „Ако ние не му ги понудиме нашите “гранчиња од врба и знаменца“ за кои копнее со целото битие, ќе ги воочи или кај некои други луѓе од опкружувањето или на маркетиншките тезги оние кои го сведуваат во служба купувањето и продавањето роба и трендови, сведујваќи ја својата животна смисла на тоа пазарно постоење чијашто залудност никако не е лишена од убивање и крв.“

14. „Кога го прашале Гадамер, познатиот германски филолог и педадог: „Како да се воспитуваат своите деца и младите генерации?“, тој рекол: „Воспитајте се прво себе. Тогаш ќе ви дојде само како да ги одгледувате своите деца, младите генерации.“ „А какво образование да им се даде?“ Тој рекол: „Образувајте се прво себе. Таму ќе го најдете одговорот како да ги образувате своите деца“.“

15. „Не е природно тато и мама да се вистинските пријатели на своите деца. Детето има потреба за пријатели, со нив сака да се валка по подот, да игра фудбал. Има потреба да има и учителка, која ќе го учи за нештата, поимите, однесувањата. Но да има татко и мајка кои ќе го сакаат неизмерно, но чијашто љубов има и одредена смисла. Детето има потреба да има авторитет.“

16. „Многу е поважно детето да се пофали кога ќе направи нешто добро, отколку да се искара кога ќе направи нешто лошо. Тоа лошо ќе се исуши, ќе овене, ако за сè добро коешто направило ќе наиде на ппофалба и на наше радување. Треба да се пофали не кога ќе го победи некој друг во нешто туку кога ќе се побеси себе, ако денес било подобро од вчера.“

17. „Многу е помал грев ако во некоја гневна ситуација некогаш и го плеснеме детето отколку ако кон него лажно се однесуваме. Секоја лажност детето ја препознава. Препознава ако го тепаме од некои наши садистички страсти, ако е тоа садизам на возрасниот над послабиот, кога тој родител го испразнил својот гнев, мрзоволност, својот тажен живот. Тоа препознава и кога ќе се појави очај поради него, па сме му манале шамар.“

18. „Какви се всушност децата никој не знае ниту некој некогаш низ целата историја на државното образование тоа се запрашал. Се знае само што се бара од децата. Во глобала, децата се во состојба да одговарат на барањата во училиштето и тоа било доволно за сите педагози во светот.“

19. „Љубопитноста на децата не може да се поттикне со страв и постојано докажување како тие сепак ништо не знаат и како се мали за да се “мерат“ со возрасните.“

20. „Разводот е секогаш распаѓање на една целина за детето. Многу е важно родителите да не зборуваат лошо еден за друг ако ги сакаат своите деца, но мора да се разведат. Детето мора да знае дека неговите татко и мајка се сакаат и дека тие за него се најдобри на светот. Таму каде што таткото и мајката си наштетуваат еден на друг значи дека го користат своето дете за свои лични потреби и зависности.“

Прочитајте ги и следниве совети за подобри односи помеѓу родителите и возрасните деца.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!