Одамна ни е познато дека никој од нас не е совршен. Колку и да се трудиме да живееме спокоен и едноставен живот, поекогаш токсичноста се провлекува низ пукнатините на дневната рутина или сами несвесно ја пуштаме во нашиот живот. Кои видови на отровно однесување постојат и како тие влијаат на нас?
Прочитајте ги во продолжение шестте обрасци кои се најчести, а истите ви го одземаат душевниот мир.
1. Озборување
Ова сите го прават, некои во помала, а некои во поголема мера. Но знаете ли дека озборувањето покажува дека сте несигурни или љубоморни? Што му недостига во вашиот живот за да чувствувате потреба да се занимавате со туѓите животи? Размислете за ова убаво.
2. Лажење
Кого лажете и зошто? Ако мислевте дека вистината боли, тогаш малку подобро “простудирајте“ ја лагата. Ништо не боли повеќе од неа. Можете да лажете секого, но имајте на ум дека вистината секогаш излегува на виделина.
3. Грижа за нештата кои сè уште не се случиле
Зошто да го трошите времето и енергијата на грижа за работите кои сè уште не се случиле? Грижата за нештата кои не се случиле водат и до анксиозни чувства. Од вас зависи како ќе ја контролирате или ќе ја пресечете во корен пред таа во целос да ве обземе и пред работите да излезат од контрола. Во спротивно доаѓа до појава на стрес кој може да биде прилично деструктивен. Нема потреба за ова, нели? Сигурни сме дека имате способност да воспоставите контрола врз своите мисли и емоции.
4. Љубомора
На секој чекор некој има нешто поубаво и подобро од она вие што го имате. Првата реакција на ова може да биде љубомора. Но навистина нема потреба од неа. Секој од нас има нешто преубаво, а кое некој друг би сакал да го има. Бидете благодарни за она кои сте и она што го имате. Вие сте благословени поради тоа и прегрнете го истото. Некој сонува да биде на ваше место во моментов. Љубомората е деструктивна емоција која не раѓа успех на долги стази, туку создава конфликт и очајност.
5. Негативност
Не е сè толку лошо! Ниту пак сè црно. Обидете се да го пронајдете доброто во секојдневните нешта, а кога ќе почнете да го правите ова уште повеќе добри нешта ќе почнат да ви се случуваат. Ова е универзален закон. Негативноста ви ја цица енергијата и таа е причината поради која луѓето ве изгебнуваат. Дали вреди да се биде навооружан со негативност? Зошто да не се обидете да бидете позитивни и кога не ви е баш до позитивност? Ќе видите голема разлика во начинот на одвивање на работите ако на проблемите или негативностите им пристапите со ведар и позитивен дух.
6. Омраза кон себе
Внимавајте како се однесувате кон себе. Опсипувајте се себеси со зборови полни добрина, љубов и позитивни емоции. Омразата насочена кон самите вас веројатно е најлошто нешто кое можете сами себе да си го направите. Однесувајте се кон себе на целосно позитивен начин. Кога ќе го направите тоа ќе видите колку ќе напредувате, но и ќе се сакате себеси во огромни количини. Баш како што треба. Потоа многу лесно ќе увидите колава количина љубов имаат другите спрема вас.
Овие шест “обрасци“ на однесување ги опфаќаат нештата кои поприлично голем број луѓе секојдневно ги прави. Некогаш и несвесно дека со тоа се руши душевниот мир и се доведува до деструктивност насочена кон себе. Следниот пат кога ќе сфатите дека користите некој од овие набројани обрасци, стопрете се веднаш. Насочете ги мислите на некоја друга страна и речете си себеси дека вашата душа (вистинските вие) е убава и заслужува само мисли полни со добрина, убавина и љубов. Бидејќи моќта на позитивните мисли е исклучително голема!
Еднаш кога ова ќе ви стане навика, за кратко време душевниот немир ќе биде минато.
Можеби и ќе ве интересира зошто е важно денот да биде организиран?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.