Skip to content

Не зори зоро

Не зори зоро,
не осветлувај го денот на срцево скршено,
не греј на мене Сонце златно, површно.

Не зори зоро,
не бегај Месечино,
зар е вака праведно?
да се љубат двајца а да не се заедно?

Будали,
будали и кукавици,
дезертери на војната на љубовта,
бегалци.

Не зори зоро,
нека не се види боиштето напуштено,
од зајадливи умови проколнато,
не бегај Месечино,
не оставај ги розите црвени со плевелот заедно.

Не зори зоро,
зошто од болка ќе умрам,
ако сама во домот наш се разбудам.

Напишете коментар