Руски традиции за Бадник

На 7ми јануари, православните христијани ширум светот го слават Божиќ, христовото раѓање, согласно стариот јулијански календар. Овој ден е поврзан со многу свечени ритуали и радосни прослави. Божиќ на 7ми јануари се слави во Македонија, но исто така и во Русија. Ние ви откриваме некои русики традиции за Бадник и Божиќ.

Огномет над Кремљ за Божиќ

По револуцијата во 1917 година, Божиќ бил забранет низ цела Русија заедно со другите верски прослави. Само 75 години подоцна, во 1992 година, празникот повторно бил прославен.

Денес, повторно се слави на грандиозен начин. Верниците цела ноќ учествуваат на црковни служби во цркви кои мирисаат на темјан. Секоја година, над Кремљ се појавува традиционалниот Божиќен огномет, со кој се означува христовото раѓање.

Најсреќен празник

Божиќ во Русија е еден од најсреќните празници. Тој е најсреќен празник и во христијанскиот свет воопшто. Во пресрет на Божиќ, во Русија е традиција сите членови на семејството да се собираат за да уживаат заедно во посебен оброк. Различна храна и обичаи за време на овој оброк се разликува од село до село и од семејство до семејство, но некои аспекти останауваат исти. Еве ги празничните обичаи во Русија и настаните во Москва.

Православни обичаи

Старата руска традиција, чии корени се во православната вера, е пост за Бадник и посебен оброк.

Постот обично трае до почетокот на вечерта или се додека не се појави првата ѕвезда. Некои луѓе целосно се воздржуваат од храна за време на постот. Вечерата што следи е обилна, иако месото не е дозволено. Кутја, еден вид каша, е главното јадење.

Тоа е многу симболично јадење, а состојките се разни житни култури или ориз со мед, афион и овошје што треба да донесат среќа и мир. Често се јаде од една голема чинија, што го симболизира единството. Понекогаш семејствата фрлаа лажица леќа на таванот, а ако леќата заглави, се толкува како добар знак, дека годината ќе биде среќа и жетвата ќе биде добра.

Руската прослава започнува кога ќе се појави првата ѕвезда на небото. Иако целата храна која се служи е строго посна, таа се служи во необична празнична атмосфера. Русите го нарекуваат овој оброк: „Света вечера“. Семејството се собира околу трпезата како дел од Христовото доаѓање. Белиот чаршав на масата, симбол на Христовиот повој, ја покрива трпезата.

Сеното е попрскано низ масата, како потсетник за сиромаштијата во пештерата каде што се родил Исус. Во средината на масата е поставена висока бела свеќа, која е симбол на Христовата „Светлина на светот“. Голем кружен леб, пагах, се става покрај свеќата и претставува симбол на Христос, лебот на животот.

Оброкот започнува со молитва, која ја кажува главата на семејството. Се кажува благодарствена молитва за сите благослови во изминатата година, а потоа се принесуваат молитви за среќа во наредната година.

Главата на семејството ги поздравува присутните со традиционален Божиќен поздрав:

„Христос се роди! Членовите на семејството одговараат: „Слава му!“ Мајката ги благословува сите присутни со мед во форма на крст на челото на сите, велејќи: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, да имаш сладост и многу добрини во животот и во Новата година“.

После тоа, секој зема парче леб, прво го потопува во мед, а потоа во сецкан лук. Медот е симбол на сладоста на животот, а лукот на горчината. Потоа се јаде „Светата вечера“. По вечерата, садовите се мијат и се отвораат божиќни подароци. Потоа, семејството оди во црква и се враќа дома помеѓу 2 и 3 часот наутро. На Божиќ, соседите и членовите на семејството се посетуваат едни со други, одат од куќа до куќа, јадат, пијат и пеат божиќни песни цел ден.

Прочитајте го расказот Старицата и Божиќ.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?