Онемев пред твојата дојденост во собава
Нема сум пред твојот лик
Кој го исполни просторот
Посака да седнеш до мене
Но, столот остана празен
Зошто те има само во воздухот.
Каде ли се криеш?
Дали си меѓу небото и земјата?
Со очите тука во меѓупросторот си
Ме гледаат без да ги видам
Ме слушаат без да ги наслушам ,
Зошто со очите слушаш
И со ушите гледаш
Со духот живееш
Со телото гориш
Со небесата беседуваш
Со земјата со соземјуваш
Со воздухот се спојуваш
И еве, пред мене си
Ликот го гледам
Но присторен ми е од сонот
Кој будна го сонувам
Денес, на денот кога роденден славеше
Сон сонувам кошмарен
И знам Бог се роди
За да се разбудам во Светлината
За да оживеам;
Ликот твој остана
Неликуван
Недосонуван
Недоостваруван
Недонагледан
Неоживеан.
Божиќ е.
Којзнае каде го славиш
Твојот роденден.
Божиќ е,
Само ликот твој
Недоостварен беше.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.