Во еден мал град постоеше една жена. Таа беше жена со големо срце, со голема самодоверба и секогаш беше полна со добри совети. Многумина не знаеја дека таа има поминато низ повеќе тешкотии во животот. Никогаш не се откажа од себе си и од своите цели.
Честопати се соочуваше со лоши работи, ама наоѓаше начин да се справи со нив, затоа што знаеше дека само храбрите ги прати среќа.
Кога и да се соочиш со нешто лошо, не се предавај продолжи кон целта и верувај во себе, бидејќи ќе успееш.
Животот е една игра а ти си само еден играч кој бира што ќе прави.
Животот нема реприза, тој е еден и е премногу краток. Нè учи на направените грешки, полн е со предизвици. Животот нè учи да живееме реално и да се бориме за своите цели. По секоја лоша вечер утрото е нов почеток.
Жената од градот е еден голем пример за да си ги оствариш твоите цели и соништа, бидејќи за да бидеш еден среќен човек е потребно многу малку.
Секогаш треба да ја знаеш твојата цел, ама никогаш не смееш да се откажеш.
Во животот не е важно како ќе паднеш, важно е како ќе станеш.
Невозможно е! Не можам! Ме мрзи! Нема да успеам!Тоа е тешко!
Ако навистина сакаш во нешто да успееш ќе најдеш начин, а сè друго е само изговор. Важно е да се обидеш без разлика што ќе се случи бидејќи сè е со причина, само ти треба упорност.
Анастасија Стевановска