Поучна приказна: Како гледате на среќата?

Дали среќата лежи во материјалните работи или за неа е потребно нешто друго? Читајќи ја оваа кратка приказна ќе ви стане јасно како повеќето луѓе гледаат на среќата. Прочитајте ја во продолжение.

Професорот сакал да се пошегува со свотие ученици во текот на едно од своите предавања. Тој им се обратил на младите:

– Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве усреќам, можам да ви дадам огромна среќа. Дали некој од вас тоа го сака?

Многумина од пристуните подигнале рака.

– Одлично!, продолжил професорот. Ќе ја добиете среќата во замена за сè што имате. Дајте ми сè што поседувате и јас ќе ве усреќам, рекол.

Учениците биле збунети. Мислеле дека говори метафорички.

– Ви ветувам! Не се шегувам!, сериозно зборувал професорот.

Тогаш рацете на учениците почнале да се симнуваат и тој рекол: Аха, не сакате. Никој не сака…

Тогаш им објаснил на учениците дека ние среќата ја поврзуваме со удобност, успех, слава, авторитет, аплауз, пари, уживање и повремени задоволства. Среќата е всушност прашање на избор и одлуки. Таа е насекаде околу нас, во сè што е нематеријално.

Прочитајте ја и оваа приказна: Како да ги научите вашите деца да бидат среќни?

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?