Skip to content

26 цитати од Симон де Бовоар: „Од мигот на раѓање почнува умирањето. Но помеѓу раѓањето и смртта постои живот“

Симон де Бовоар била родена во Париз на 9 јануари 1908, а починала на 14 април 1986 во Париз. Таа е француска писателка и филозоф, автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот.

Во 2006 година градот Париз именува мост во чест на оваа француска писателка и феминистка, мостот се вика Passerelle Simone-de-Beauvoir и води до Националната библиотека во Париз. Прочитајте ги нејзините најпознати цитати во продолжение!

1.
„Мажот се дефинира како човечко битие и жената како жена – кога и да се однесува како човечко суштества.“

2.
„Никој не е поарогантен, поагресивен или не чувствува презир како маж кој се грижи за неговата маженственост.“

3.
„Цело угнетување создава воена состојба.“

4.
„Никој не се раѓа туку станува жена.“

5.
„Тоа отсекогаш бил машки свет, а ниедна причина која била понудена во објаснувањето не изгледала прикладна.“

6.
„Застапеноста на светот како и самиот свет е дело на луѓето; тие го опишуваат со своите сопствени точки на гледишта, што ги
збунуваат со апсолутна вистина.“

7.
„Мажите кои најмногу сочувствувале никогаш во целост не ја сфатиле конкретната ситуација на жената.“

8.
„Ако нејзиното функционирање како женска особа не е доволна за дефинирање на жените, ако одбиваме да ја објасниме низ “вечната женственост“, но ако сепак повремено признаваме дека жените постојат, тогаш мораме да се соочиме со прашањето: Што е жена?“
9. „Да се улови маж е уметност, задача е да се задржи.“

10.
„Неколку задачи послични на мачењето на Сизиф отколку на домашната работа, со бескрајно повторување: чистото станува валкано, валканото се чисти секојдневно и одново.“

11.
„Одбраната вистина не е нешто што се ослободува од чувството на должност или да смирува комплекс на вина туку сама по себе е наградена.“

12.
„Се тргнав од сигурна удобност преку мојата љубов кон вистината; и вистината ме наградува.“

13.
„Тоа е она што го сметам за вистинска великодушност. Давате сè, а сепак секогаш се чувствувате дека ништо не ве чини“.

14.
„Посакувам сечиј човечки живот да биде чиста транспарентна слобода.“

15.
„Еден живот има вредност толку долго додека вредноста му се припшува на друг живот, љубов, пријателство, гнев и сочувствување.“

16.
„Зборот “љубов“ воопшто нема иста смисла за двата пола, тоа е една од причините за сериозните недоразбриања кои ги разделуваат.“

17.
„Изворниот писател, освен ако е мртов, секогаш е шокантен, скандалозен; новоста пречи и одбива.“

18.
„Да се покаже дека вашата способност секогаш во некоја смисла ги надминува границите на вашите способносите и оди маку подалеку од нив: да се осмели, да се бара, измисли, во таквиот момент се откриени, откриени и реализирани нови таленти“.

19.
„Од 21 година никогаш не бев осамен. Можностите кои ги имав на почеток ми помогнаа не само да водам среќен живот туку да бидам и среќен во животот кој го живеев. Бев свесен за своите недостатоци и моите граници, но јас сè направив од нив. Кога ме мачеа поради она што се случуваше во светот, тоа беше свет кој сакав да го променам, а не моето место во него.“

20.
„Од мигот на раѓање почнува умирањето. Но помеѓу раѓањето и смртта постои живот.“

21.
„Променете го својот живот денеска. Не се коцкајте со иднината, дејствувајте сега, без одлагање.“

22.
„Нема оправдување за сегашното постоење освен негова експанзија во неограничено отворена иднина.“

23. „Ако живеете доволно долго ќе видите дека секоја победа се претвора во пораз.“

24.
„Никој не е роден како гениј, туку станува гениј.“

25.
“Сама по себе, хомосексуалноста е еднакво ограничувачка како и хетеросексуалноста: идеалниот би требало да биде способен да љуби жена или маж, човечкто битие, без чувство на страв, ограничување или обврски.“

26.
„Уметноста е обид за интегрирање на злото.“

Прочитајте ги и следниве мисли од Габриел Гарсија Маркез!

Напишете коментар