19 мисли за промената: „Планината ќе ја помести само оној кој на почетокот ги поместувал камчињата“

Промената е секојдневна, незабележливо се случува секој ден иако некогаш ние свесно ја предизвикуваме. Како што секој ден е различен од сите претходни, но и сите идни денови ќе се поразлични од сегашниот, така животниот циклус тече и се менува. Сакале ние да го прифатиме тоа или не. Но од нас зависи како ќе влијаат тие промени врз нас, дали ние ќе се променуваме заедно со промените што ги доживуваме.

Прочитајте што кажале мудрите луѓе низ историјата токму на тема “промена“.

1. „Само едно катче од универзумот кое сигурно можете да го промените, а тоа сте вие самите.“ – Олдус Хаксли

2. „Ако не се менуваме не растеме. Ако не растеме не живееме.“ – Гејл Шихи

3. „Ако ги промениме нашите мисли светот околу нас се менува.“ – Ричард Бах

4. „Ако нешто не ти се допаѓа, промени го. Ако не можеш да го промениш тогаш промени го твојот став. Само немој да се жалиш!“. – Маја Анџелоу

5. „Ако сакате да создадете непријатели, само обидете се нешто да промените.“ – Вудро Вилсон

6. „Без промени нешто спие во нас и ретко се буди. Спијачот мора да се разбуди.“ – Френк Херберт

7. „Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот.“ – Махатма Ганди

8. „Човекот не може да открие нов океан ако нема храброст да го изгуби брегот од вид.“ – Андре Жид

9. „Човекот кој не ги менува своите мисли или е многу мудар или е будала.“ – Кинеска поговорка

10. „На луѓето им е полесно да плачат отколку да се променат.“ – Д. Болдвин

11. „Можеме да ги промениме своите животи само во она делче од секундата и вечноста која нас ни припаѓа. Ако и во еден миг се оттргнеме од тоа „сега“, некој друг ќе одлучи.“ – Ричард Бах

12. „Планината ќе ја помести само оној кој на почетокот ги поместувал камчињата.“ – Кинеска поговорка

13. „Првиот чекор кон промена е свесноста, а вториот е прифаќање.“ – Натаниел  Бранден

14. „Помислете колку е тешко да се промените себе и ќе разберите колкави мали шанси имате да промените некој друг.“ – Џејкоб Б.

15. „Само најмудрите и најглупавите луѓе не се променуваат.“ – Конфучиј

16. „Сè што знаеме за иднината тоа е дека таа ќе биде поинаква.“ – Питер Дракер

17. „Сите промени се тешки дури и оние кои најмногу ги сакаме, бидејќи она што го оставаме е дел од нас самите. Треба да се умре во еден за да се влезе во друг.“ – Анатол Франс

18. „Уметноста на живеењето лежи во постојаното приалгодување на околината.“ – Непознат автор

19. „Ако сакаме да ги промениме луѓето, мораме да ги сакаме. Нашето влијание достигнува само дотаму до каде што стигнува нашата љубов.“ – Ј.Х. Песталоци

Прочитајте ги и следниве мисли за храброста!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!