Обичаи и народни песни за Стара Нова година

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар, вечерва ја прославуваат Нова година. Голем број македонски семејства вечерва ќе се соберат околу трпезата и ќе ја прослават старата Нова година и Василица.

Зошто славиме Стара Нова година?

Јулијанскиот календар е стар календар кој се користи од Македонската, Српската, Руската православна црква, некои источни цркви и Вселенската Патријаршија. Според овој календар, денес е први јануари.

Интересно е тоа што Стара Нова година се и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во делови од заедницата на Галите во Шведска.

Јулијанскиот календар е создаден од страна на математичарот Александрија Созиген, по наредба на Јулиј Цезар. Овој календар бил воведен во 46 година пред наша ера, во Римското Царство. Според овој календар, годината трае точно 365 денови и 6 часа. Секоја година се смета за престапна и се состои од 366 дена.

Народни обичаи

Православните верници, кои вечерва слават Нова година се собираат околу трпезата и кршат лепче или баница со паричка. На оној на кој ќе му се падне паричката ќе го прати среќа цела година. Старата година се испраќа со пеење василичарски песни, палење огнови кои се симбол на божествена светлина која ги прогонува лошите духови. Во некои делови од Македонија, вечерва, покрај лепчето со паричка, се игра комар, се јадат колбаси и се слави до раните утрински часови.

Василичарски народни песни

Василичарските народни песни се лирски обредни календарски песни, по содржина и намена слични на коледарските. Новата година одделно ја прославувале децата од возрасните. Децата ја празнувале со обичаи и песни, кои се блиски до оние од Бадник. И овие песни немаат развиена мелодија, туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на крајот од песната.

Низ песните се искажуваат убави желби и благослови за родна година:
„Сурова, сурова година,
голем клас на нива,
голем грозд на лоза,
жолт мамул на леса,
живо здраво до година,
до година, до амина.“

Песните што ги пеат возрасните се дел од обредната игра и се во функција на обредот. Тие се исполнети со благослови, хумор, но и со вулгарни елементи во склад со обредот. Песните ја дополнуваат празничната атмосфера на означување на почетокот на Новата година и иницираат здравје и напредок на поединецот и пошироката заедница, но и богат род на земјоделските култури.

Прочитајте за историјата на Нова година.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?