Вашиот глас Литература Проза

Дуња – Николина Ќорвезироска

Секој септември …или октомври ….кога дуњите беа стасани за берба, но никој не знае кога е тоа. Само мама знаеше кога да ги скине дуњите од дворот. Тие се нудеа со мирисот, на тоа нивно убаво младо стебло кое личеше на плетенка. Се сплетило внимателно само, во надворешна плетенка или тато го сплети скришно. Тоа кревко дрво измамуваше кревки погледи, стоејќи на патеката во дворот, како во некој замок да се влегува во нашата куќа Цутовите уште во пролет го најавуваа бројот на жолто- мирисните дуњи. А ние ги беревме со листови кои пред да станат вкусно слтко, отстојуваа, дозрејуваа, дома на витрината до книгите да ни  бидат  мирисни на сите,  кога ќе отвориме некоја подзаборавена книга.

И мирисите од кигите како мирисите на дуњите завршуваа собрани (едни во мислите, други во теглички со цветчето слаткарче). Ееее сега ќе  ви раскажам за споменот на тоа цвеќе. Секогаш кога мама го подготвуваше најмирисното и највкусното слатко од дуњи го засладуваше со цвеќето слаткарче кое растеше во дворот. Ќе речеше:

– Ајде Ники оди набери ми од тоа миризливото цвеќе, (баба рада) да ставам во слаткото.

Јас ќе се стрчав во дворот како да ја извршувам најдостојната задача во правењето слатко…а тоа мирудивче од цвеќе ми ја веселеше душичката. Еве и сега споменот за мирисното цвеќе секој септември и октомври си го барам на равтовите  од цвеќарите, само не знам кој е помирисен дуњите , слаткарчето,или споменот на мајка ми.

П.С.

Го најдов цвеќето, но нема кој да го стави во слаткото од дуњи, одамна  ја нема ни дуњата….само мирисен спомен ми остана.

Николина Ќорвезироска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје