Овој есеј освои второ место во категорија II на учесници над 18 години. Оригинално беше напишан на босански јазик, ова е преводот на македонски. Прочитајте го во продолжение!
Нè уништи сите тој еден обичен, ситен мал скот кој влезе во нашите пори дури од далечната Јапонија. Еве, дојдовме до тој стадиум кога мораме нашето секојдневие да го замениме со таа маска која нè ограничува во секој поглед; во нашите топли домови полни со грижа: Кога ќе помине сè ова? Не бевме подготвени на тие нешта, навистина, нашите животи да ги замениме со маски и слободата тукутака да ни ја уништат тие политичари кои собираат пари преку нас, обичните смртници.
Не ја сакам оваа година. Почнав да размислувам дали некогаш ова време ќе застане. Да се живее слободен живот со слободни ангелски крилја конечно после осум песеци пекол и терор над умот кој си подигруваше цело време со нас, верувајќи во сувопарни лаги. Не бев свесен дека животот тукутака ќе застане во секунда. Се радував речиси на цела година дека оваа пандемија Пресвета Богородица конечно ќе застане и дека ќе биде како порано. Додуша, оваа година најмалку очекував да изгубам некои особи кои цел живот ги имав. А сонував со нив конечно да ги прославам сите овие Божиќни и Новогодишни празници кои желно ги исчекував.
Ех, животот е толку суров. Прави од обичен човек да се стане така амбивалентен во амбиентот на своето срце кое е полно со црнила. Белким короната сите нè запре на професионално поле. Ги заменивме сите наши работни навики во таа ладна просторија од која и до денес денеска се полни мозокот. Ја труе душата со лажни информации што кружат низ цел свет со шаренилост. Корона, така сјајно звучи кога луѓето во неа не веруваат, а кога нема да ја добиеш…Сфаќаш колку малку преостанало за живеење. Празниците се обично во тој сјај и порој од емоции. Минуваат снижувања по градот и разни настани се формираат тие денови до главното случување, Божиќ. Па да видиш облечени во костими на Елфови кои ти трчаат во прегратка само за една насмевка што создава нов поим за живот во суровиот и свиреп стил на живот.
И уште ги барам тие случувања, но како да исчезнаа. Луѓето се повлекоа во себе и своите проблеми кои ги мачат. Никому не му е до славење, до веселба. До вчера мислевме дека сè ова е минливо, но сега станува веќе неподносливо. Ни диригираат повторно со оние стапчиња кои најдобро поминуваат, тие нема да се разболат. Ќе преживеат тие, сите победи и битки се пренесени со своите устави. А народот, обичниот смртник ќе остане тука некаде да верува во лекување, каде мора да плати со свои тешко заработени пари, нели тоа стана провидно?
Немојте да ги трошите празничните подароци на најмилите, бидејќи не можете ни да им ги дадете. Дојде таа доба кога повеќе не можеш да ги прославиш спомените и победите во текот на годината. Сè е пусто, градот што е накитен со тие бои само возачите позади прозорите што чекаат ред за тестирање на зачеток. Чудна е оваа доба, и самата година во која едноставно сите празници се поминуваат гледајќи во телефоните и оставајќи коментари разни гифови со кои се заблагодаруваме за сè. И добро и лошо. Не можеш да одбираш зарем не?
Како е толку малку потребно за сè да се запре, пример славењата на отворено. Им импонира на младите што можат да тагуваат за своите пејачи. А и тоа е ништо во споредба со другите држав во светот кои имаат целосно затварање и ние самите на тло го допревме целосното затварање. Времето, најголем еманципирам смртник што нè краси. Сите овчари бидејќи ништо друго не можеме да бидеме.
Животот со маска, дезинфекција на раце и социјална дистанца зедоа преоглем мав. И после празниците, она што очекувам е всушност да бидеме и понатаму дистанцирани и да си вртиме грб едни на други уживајќи во тој шок од болки што другата страна го преживува. Па по празниците празниците ќе се сретнеме како ништо да не се случило и ќе се смееме на глупави теми. Старите љубови ќе ги обновиме. Преку старите нешта ќе преминеме лесно без трошка промисленост. Нели сме ние само погрешно време?
Короната и антителата направија оваа година да биде како и секоја друга, обична. Ништо ново, бидејќи не гледам цел на честитање било тшо, бегајќи едни од други. Лажните насмевки ги купуваме за да бидеме најдобри пријатели. Сè црно, разголено, трауматизирано влегуваме во наредниот квартал со желба да проживееме можеби подобро време кое претходната ни го разурна. Создаде кратер опасен на нашите дробови и самата кожа. Знаеш, сè се случува и поминува. Сите непобедливи битки се предаваат. Но една секогаш ми останува за прашање: Како можеме да бидеме нови луѓе кога и понатаму нè следи старата целиот живот во спомени кои не можеа да бидат одболувани? Го земаме ли новиот почеток или новиот крај?
Маид Чорбиќ