Skip to content

Тетовскиот просветител – Маја Малиновска

На Кирил Пејчиновиќ

Ти, кој доби благословен хиландарски потстриг

На Пречиста Мајка беше син

Се врати во грутката родна

Да правиш дејност благородна.

Огледало беше за душите страсни

Во кое се огледуваа за да станат чисти, јасни,

Утеха да бараат за своите дејствија грешни

Да добијат насока, светлост за своите патишта неумешни.

 

Ти кој проповедник стана,  праведник и просветител

На добрина и на милостина носител,

Имаше желба да пишуваш на народен јазик

Народот да  ја дознае твојота добродател,

Да научи за вистината на христијанските празници

Да бидеш народен вистински избавител.

 

Денес секој може да научи од проповедите твои

Како брат на брат секогаш треба благодат да  прави

Да бидеме алтруисти, Божјата реч секаде да се слави.

Напишете коментар