Петленце – Снежана Паноска

Во широкиот двор се шета
младо петленце шарено
на главата кикиришка црвена
и пердуви како паун раскрилило.

Се напрега силно, силно
да запее од грло миловидно,
станувајте мрзливци, спанковци ,
ден е, пролетен, пее песни радосно.

Не ме мрзи мене да кукурикам
како точен часовник ќе бидам
гласно секојдневно, ќе ве скоривам
и никого нема да го заборавам.

Снежана Паноска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!