Душа, тело, ум Позитивна психологија Психолошко катче Совети

Зошто туѓото мислење не треба да ве повредува?

Ако одлучите другите луѓе дека не можат да ви го уништат расположението или да ви ги повредат емоциите, така и ќе биде.

Марко Аврелиј во книгата „За себе“ дава одличен пример за влијанието на перцепцијата на свест. „Промените ги своите мисли и чувството на повреденост ќе исчензе. Прекинете да се жалите на околностите во кои се наоѓате и нелагодностите ќе исчезнат.“

Или поедноставно кажано: Престанете да мислите негативно и животот ќе стане многу поубав. Оној кој секогаш негодува за сè може да најде нешто лошо, а тоа ќе се одрази и врз неговиот живот. Туѓите постапки и зборови не можат да го нарушат квалитетот на живот освен ако вие тоа сами не го дозволите.

Што кога туѓото мислење предизвикува негативни емоции?

Кога знаете кои сте и кога ќе имате изградена самодоверба, никој не може да ве увери во спротивното. Ако се чувствувате засрамено или лошо поради зборовите кои ви се упатени, вие сте сами виновни за тоа бидејќи вие сте дала дозвола да ве повредат.

Со своите емоции морате сами да управувате и да ги контролирате ако сакате среќен живот. Психолозите препорачуваат: „ако сакате да имате среќен живот владеењето со емоциите е од клучно значење.“

Ако туѓите зборови имаат моќ да го променат целиот ваш ден, време е да поработите на контролирање на емоциите и умот. Емоционалната штета е многу полоша од физичките повреди и остава подлабоки траги. Нечии зборови не би смееле да влијаат на вашето однесување и емоции.

Негативните критиките и туѓото мислење секогаш ќе постојат

Туѓите мислења и критики секогаш ќе постојат, а она што вие го мислите, чувствувате и како се перципирате себеси е единствено важно. Вистината е дека што и да правите, колку и да сте успешни секогаш ќе постојат луѓе кои ќе најдат забелешка. Или во најлош случај ќе имаат негативна критика и ќе се обидат да го саботираат вашиот успех. Психичката самоконтрола е во ваши раце, така што секој нивен обид би бил залуден, сè додека нивната саботажа не ги премине границите.

Вие сте одговорни за своите постапки, но и за начинот на кој ќе одговорите на негативните критики и туѓото мислење. Кога нечие мислење за вас и она што го правите ќе може да ви ги плати сметките, единствено тогаш треба да му дадете значење и вредност. Во сите други случаеви тоа е само мислење кое е дел од туѓата перцепција на нештата околу вас. Поради тоа не би требало да има никакво влијание врз вас.

Што би можеле да заклучиме?

Сè додека не дозволуваме туѓото мислење да има било какво влијание врз нас нема да може да нè повреди. Ниту коментар, ниту озборување или “гласини“ кои најчесто знаат да бидат лажни и филувани за да изгледаат поуверливо нема да ве допрatе ако вие знаете кои сте и која е вашата вистина. Луѓето отсекогаш зборувале, злите јазици ќе продолжат да постојат, но за среќа колку далеку и да стигнат, немаат вредност. Бидејќи секогаш постои повеќе од една верзија на секоја приказна, не вреди човек да се загрижува за тоа како некој друг го доживува. Најважно е луѓето што ви значат да знаат кои сите, па нивното мислење е единственото кое треба да се вреднува покрај сопственото. Но секогаш тоа да се зема со доза на резерва, размислување на сите аргументи без појава на конфликт. Запомнете дека ничие мислење не може да ве повреди доколку вие не го дозволите тоа.

Да не бидеме робови само на своите мисли

Колку што е огромна моќта на позитивното размислување речиси истата моќ ја имаат и нашите негативни, разурнувачки мисли што ни го уништуваат расположението. Менталниот затвор или зарабоеноста во својот ум негативно влијае врз сите животни аспекти. Затоа не смееме да дозволиме да им робуваме на нашите мисли и претерано да веруваме во сè што ќе помислиме. Ја проценуваме мислата, се обидуваме да го разбереме нејзиниот извор, го следиме текот и може да се запрашаме зошто таа се појавила. Само на овој начин со текот на времето ќе ја постигнеме контролата врз нашиот ум. А со тоа и мислите што ни се јавуваат.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје