Друштво ми се поети и писатели,
артисти, уметнички души,
од Вирџинија па сè до Емили.
Друштво ми се боеми,
пропаднати инвестииции со многу проблеми,
дијаманти небрусени во поле од камења декоративни оставени,
живи пламења, угаснати жарчиња па ко пепел прославени.
Друштво ми се новелисти, сценаристи и играчи
сонетисти, фотографи и пејачи,
друштво ми се Оскар и Шекспир и Доријан,
на масата пијат вотка со мене и со Патриција.
Друштво ми се имагинарните ментори,
оние со нестабилни детства и фамилии,
оние кои не одговараат или па нема за нив многу информации,
или па истите се избришани и во коцка презапишани.
Друштво ми се оригиналните,
коишто како магија си играат со зборовите,
за кои нема точна парафраза,
што не можат да ги стават на амбалажа зошто некој ќе примети.
Друштво ми се сите метафори,
познаници оние што ќе ги раскажат,
а пријатели ми се оние што на крај ќе успеат да ги разберат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.