Skip to content

Антологијата на тема „Корона во време на новогодишни празници“ е достапна онлајн

Најавуваната антологија веќе е достапна онлајн. Ова е главниот опис на е-збирката: „Збирка есеи кои беа напишани благодарение на конкурсот организиран во декември, 2020-та година од литературниот блог Крајбрежје. Своевидно сведоштво преку пишан збор за периодот на новогодишните празници во пандемиско време.“

Во антологијата се застапени сите есеи од учесниците на конкурсот. Имате можност да ги прочитате сите пристигнати есеи на истата тема. Плус есеите од организаторите кои не учествуваа на конкурсот. Како и воведната реч на дел од организаторите и приредувачи на оваа збирка.

Пристап до е-збирката имаат сите кои сакаат да ја прочитаат, следниов линк ќе ве одведе до неа. Слободно споделете ја со сите оние кои би сакале да ја прочитаат.

Извадоци од предгворот:

„Корона во време на новогодишни празници“ е своевидно сведоштво на периодот којшто измина, а сите ние го живеевме, го посведочивме. На почетокот на минатата година бевме исправени пред предизвикот којшто пандемијата го создаде благодарение на коронавирусот (Ковид-19) и целото човештво го стави пред огромен тест, но и регенерација на цела Планета.

Луѓето бараа начини да се издигнат над целата ситуација, секој од нив на свој начин. Еден од нашите начини беше преку блогирањето да направиме мала разлика во пласирањето на секојдневните интернет содржини, да бидеме “светлата точка“ во црно-белиот простор кој владееше по друштвените мрежи.

Пишаниот збор ни беше заедничка нишка која нè сплоти правејќи нè посилни воедно давајќи ни мотивација да се справуваме со сите предизвици.“

Напишете коментар