Skip to content

Ти си паметен јас не сум будала – Јасмина Јошевска

  • by

Ех надеж. Каде да ја најдеш кога сè наоколу е само една огромна лага? Живи лаги од кои ми се повраќа. Знам дека вистината е само една…дека не постојат никакви нејзини нијанси и повторно мислиш ќе ме заробиш во твоите приказни ветувајќи ми дека постојам за светот кој не постои само за мене. Бараш мир во душа нели? А што кога го наоѓаш? Бегаш кон себеси знаејќи дека ти не се менуваш…тоа е карактер…се заситуваш од мирот и  несакајќи ќе го активираш стариот оган…па има можеби други, поинтересни ликови кои баш и ќе те замолчат но тоа тебе ќе ти биде…никогаш  доволно…

И приказната дека среќата ти стои уште ќе ја раскажуваш? Како? Кога не ја ни  сакаш  да  ја  имаш,  кога  ти  се  смачува  од  едно те исто а не знаеш дека некому му го  одземаш тоа прескапо време за кое нема време да се чека и залудно да се троши животот. Ти мислиш дека гледаш со моите зборови но не виде дека јас ги изговорив. Молчењето секогаш вреска најсилно. Ништото ја  убива тишината а ти пак не знаеш дека така се раѓа најмилната песна со занесот од летот на скршените крилја кои добиле нови сили за полет.

Чекај, остави ме  да одморам од ладниот бакнеж  нејзин… да  починам, да се стрпам па очи да отворам кон синото небо каде ме  удира најсилно светлината на денот и ме буди од ова бунило каде сфаќам дека не сум сама. Надеж рикна ли од шамарот на моето сонце и извонредно ме оживеа? Секоја минута е скапоцена…тешко научена  лекција…избор секогаш има…побуна за подобро  утре или почеток на коленичење пред слабоста  своја?  Херој….зар  ти  треба?
Мене  дождот не ме запира за нови ноти на кои зборови  им се препишуваат.
Биди  си  Херој…биди  си  надеж…биди  си  искрен до КРАЈ!!!

Јасмина Јошевска

Напишете коментар