Што и да се каже сега би било излишно и залудно бидејќи ништо не може да го врати назад. На денешен ден ќе наполнеше 42 години. Тој има само датум на раѓање. Тоше што и да испееше ќе беше претворено во хит поради неговите гласовни способности. Наместо да му посветиме песна или повторно некој текст сличен на овој, одлучивме да составиме плејлиста од неговите песни кои најмногу ни се допаѓаат и да ги споделиме во негова чест, спомен и сеќавање.
Ние го слушавме уште додека беше жив, а мене лично ми е многу криво што не успеав да му појдам на ниту еден концерт. Не само за да уживам во неговата музика туку и за да ја посведочам енергијата во живо што се случуваше на сите негови настапи. Тешко е да се направи листа со само неколку, но направивме селекција од 10.
Преслушани ни се многупати, потсетете се на нив и вие!
1. Тајно моја
2. Громови на душа
3. Синот Божји
4. Некаде во ноќта
5. Малечка
6. Све је ово премало за крај
7. Соба за тага
8. Твоите бакнежи на моите бели кошули
9. Усни на усни
10. Мое малечко (My little one)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.