Литература Македонска поезија Поезија

Мојата Марија

Одамна си реков дека нема да пишувам за фамилија,
ама пенкалото некако ми го испиша името на Марија.

Мојата Марија,
далеку замината,
мојата Марија,
предвреме порасната.

Нема доволно место на хартијава за да ја запишам од почеток таа приказна,
мојата Марија шест години постара,
мојата Марија триста и педесет кнедли во име на мирот што проголта.
Нека ја знае светот вистината,
мојата Марија конечно заљубена,
конечно среќна и исполнета,
мојата Марија една и единствена.

Мојата Марија брка соништа,
медијатор на сите наши боишта,
воен генерал – заштитник – борец,
мојата Марија различна од мене,
јас Месечина таа Сонце.

Одамна си реков дека нема да пишувам за фамилија,
ама пенкалото некако само ми го испиша името на Марија.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје