Во текот на целата година во нашите глави “носиме“ многу работи. Нашите животни приказни, емоционалната поврзаност, уверувањата и другите нешта кои со годините се развлекуваат во нашите умови. Нашето срце е заклучено додека умот посегнува по исти мисли цело време. Напуштете ја излузијата бидејќи секоја поврзаност може да се прекине.
Замислете дека вие се наоѓате во замислен летечки балон. Таму сте само вие и работите кои ги поседувате. Нешто лошо се случува почнувате брзо да ја губите висината. Ќе удрите на земјата за помалку од десет минути ако брзо не смислите нешто. Единствено решение е да се решите од вишокот на тежина и да исфрлите барем половина од вашите работи. Или тоа или ќе се срушите.
Гледате во работите и се колебате неколку секунди, но тогаш го правите она што морате и почнувате да ги фрлате предметите кои сте ги собирале половина од својот живот. Товарот станува полесен, паѓањето запира и полека повторно се враќате на нормалниот лет. Чувствувате големо олеснување. Ваква ситуација ни се случува на сите нас, но во помалку драматична верзија.
Што кога ќе го оптовариме “менталниот капацитет?“
Се врзуваме за предметите кои сме ги собрале во текот на годините. Некои од нив имаат пратикчна вредност. За некои од нив сентиментално сме приврзани. А некои од нив едноставно се насобран неред.
Со нашиот ментален живот се случува истото. Носиме многу нешта во нашите глави во текот на годините. Некои од нив се бескорисни идеи кои значително ни ја одземаат енергијата. Некои од нив се емоционални остатоци од тешките моменти од нашето минато. Некои се само уверувања за кои сме се поврзале без очигледна причина. А некои се самодеструктивни навики и стравови.
Ако сте во летечкиот балон, кој од овие ментални блокади треба да ги пуштите? Прочитајте ја листата во продолжение.
1. Отпушете ја приврзаноста
Според будистичката филозофија приврзаноста е корен на проблемите. Се врзуваме за различни нешта, а потоа цврсто се држиме до нив. Ако таа приврзаност ве спречува во нешто или ви предизвикуа патење отпуштете ја. Погледнете појасно, а потоа разбијте ја илузијата и знајте дека секоја поврзаност може да се “одврзе“.
2. Отпушете го чувството на вина
Вината нема никаква функција. Размислете што може таа да ви реши? Ништо, освен да ве држи како затвореник на измачување и тага.
3. Негативно размислување
Песимистичките мисли негативните ставови ве држат во мрачна аура која проникнува во сè што правите. Опасно е да се биде во нејзе. Мислијат влијаат на светот околу вас. Тој пак е најчесто производ на вашите мисли.
4. Присилно размислување
Се држите до нешто бидејќи чувствувате дека така треба да правите без очигледна причина? Време е за искрено согледување на корисноста од истото и нуспојавите.
5. Ставот “Утре ќе го направам тоа“
Ова е тактика на одлагање во вашата потсвест која ве спречува да ги извршите важните задачи. Обидете се ова да го освестите и барем за почеток натерајте се да ипослните дел од задачата денес.
6. Загрижувачки мисли
Тие настануваат од страв од непознато и несигурност во врска со иднината. Мислата дека може да се случи некоја непријатност е само нереална мисла која сами ја создаваме. Запрашајте се дали таа мисла се темели врз вистински факти?
7. Љубовни рани
На раната во срцето од поранешната љубов некогаш ѝ треба подолго време за да се залечи. Вашето срце е заклучено додека вашиот ум “врти“ по истата мисла цело време. Во таа болка треба да се спознае дека не патите поради губиток туку поради идејата која ја имате во глава за губитокот.
8. Потреба за туѓи одобрувања
Навиката за барање одобрение од другите крајно време е да биде сменета. Тоа однесување укажува на потребата на свртување на вниманието кон себе, но исто така ѝ сезаканува и на самодовербата и интегритетот.
9. Ограничувачки уверувања
Повеќето од нашите граници ги наметнуваме самите ние. Животот не ги смислил границите туку нив ги смислуваат нашите уверувања. Научете се да ги препознаете оние уверувања кои ги ограничуваат вашите можности на дејствување и отпуштете ги.
10. Забелешки
Забелешките се штетни. Ако ги имате доволно долгоо или во голем број и вашето здравје на крајот страда. Истражувањата покажуваат на поврзаност помеѓу болести на срцето и емоциите како што се лутина и замерувања.
11. Самокритика
Многупати самите си создаваме болка. Се критикуваме себеси со најдобра намера, но ги преминуваме границите. Критикувањето тогаш се претвора во обесхрабрувачки пораки. Пуштете ги и бидете поблаги и нежни према себе.
12. Предрасуди
Предрасудите ве прават огорчени. Ги смануваат границите на можности и значајно поврзување со другите.
13. Неубави сеќавања
Понекогаш се сеќаваме на непријатните нешта кои ни пробудуваат тага. Тие небави сеќавања влијаат на нашата сегашност. Нека останат таму каде што и припаѓаат – во минатото.
14. Непотребни нешта
Се врзувате и за нешта од сите видови. Понекогаш во своите животи правиме неред од непотрени “објекти“. Отпушете ги или поедноставете ја вашата околина во која живеете и работите.
15. Лошо друштво
Ако имате околу себе неискрени луѓе, завидливи на туѓиот успех, изразито песимистични или обесхрабрувачки, тргнете се од нив. Вам ми требаат пријатели кои искрено ќе се радуваат на секој ваш успех, а на неуспехот нема да аплаудираат.
16. Лоши навики
Навиките се однесувања кои одново ги повторуваме, а тие можат да нè спречат во корисниот и продуктивен начин на извршување на работите. Постојат безброј лоши навики, од премногу гледање телевизија до прејадување, земање дрога и слични опијати. Нивниот број е преголем, на нас е одлуката колку ќе се држиме до лошите навики, а кога ќе им кажеме стоп и ќе почнеме да создаваме здрави и корисни навики во нашето секојдневно живеење.
17. Поистоветување со работата или други улоги
Ова е еден од ризиците на модерното време. Како што различните улоги стануваат сè поспецифични, почнуваме да размислуваме како да сме самите тие улоги. Поради ова можеме да го изгубиме увидот во нашата вистинска природа.
18. Идеја дека вие сте резултат на вашето минато
Една честа грешка во која запаѓаме е уверувањето дека ние сме резултат на нашите искуства од минатото. Ова го ограничува погледот на иднината бидејќи остануваме уверени дека иднината може да биде иста како и минатото. Некои нешта се непроменливи но многу сè уште се во вашите раце.
19. Прелично сфаќање на животот
Честопати сме емоционално вознемирени бидејќи ги интерпретираме зборовите на другите од многу субјективно гледиште. Кога ги прифаќаме нештата лично тогаш стануваме вознемирени, повредени и разочарани. Кога гледаме на животот од пообјективно гледшите тогаш сме емоционално избалансирани и сосредоточени на она што е важно.
20. Гледање на часот
Времето е еден од најголемиот извор на стрес. Не времето само по себе туку начинот на кој го доживуваме. Понекогаш се чувствуваме заробени во временски концепт дури и кога се одмараме. Тоа ја уништува нашата слобода и просторот. Научете како да поминувате одредени активности без свесност за времето и тоа ќе биде ослободувачко и крајно продуктивно.
Прочитајте и зошто туѓото мислење не треба да ве повредува.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.