Која е Колет, една од големите француски писателки – хероини?

Хероината на нејзиното време. Ја обележа француската уметност и ја однесе уметноста на многу повисоко ниво од она што го знаеме. Нејзиното име е поврзано со бескраен талент, темпераментен карактер и феминистички погледи на светот. Која е точно Колет?

Сидони-Габриел Колет (28 јануари 1873 – 3 август 1954), позната по тоа што го користела  псевдонимот Колет  е француска писателка најпозната по своите романи кои го опишуваат животот на француските куртизани. Родена е на денешен ден во далечната 1873 година.

Многу од овие романи ја скандализирале јавноста таму со нивното реално прикажување на сексуалноста. Исто така во приватниот живот, Колет, отворено одржувала љубовни врски со луѓе од двата пола. Нејзино најпознато и најпопуларно дело е краткиот роман Жижи од 1944 година, кој е адаптиран повеќе пати за филм, но  се издвојува оскаровскиот филмски мјузикл од 1958 година.

Родена е во мало селце во Бургундија, и воопшто не претпоставувала дека ќе постигне нешто значајно во животот. Сепак, истиот тој живот ја негирал. Толку многу  ја негирал, што по нејзината смрт била прогласена за национален симбол на Франција, и за време на нејзиниот долг, бурен и крајно предизвикувачки живот, таа напишала над 50 книги, фрлајќи се во театарските води, шокирајќи ја јавноста со отворени односи со мажи и жени.

Писателка со многу афинитети

Да, таа беше писателка, но нејзините афинитети биле  бесконечни: таа се занимавала со сликарство, режија на театар и снимање филмови. Малку е познато дека Колет го инспирирала Холивуд со производство на неколку кратки филмови, а нејзината личност сè уште живее низ нејзиното наследство што го остави на генерациите жени.

Зборот провокација е поврзан со нејзиното име, а дополнителниот ветер покрај грбот и го даде бракот со францускиот магнат и писател Вили, кој бил на работ на финансиски колапс. Се согласил Колет да пишува  на негово име.

Токму низ животот на Клодин, нејзината книжевна хероина го манифестирала својот талент за пишување приказни. Паметна и силна жена исто како и Колет, која живееше со полни бели дробови.

По брачниот дебакл, тaa работи на себе и културната свест на нејзините сонародници.

Во 1948 година беше номинирана за Нобелова награда за литература, а во 1953 година беше примена во Француската легија на честа, што успеало само на неколку жени.

Режисерот Ваш Вестморленд снимил филм во 2018 година за нејзиниот живот

Нејзиното големо значење го препозна и режисерот Ваш Вестморленд, кој реши да прикаже една таква хероина на филмските екрани.

Главната улога ја доби харизматичната Кира Најтли, додека нејзиниот избраник Вили маестрално го глуми Доминик Вест.

Тоа е филмот Колет кој е направен за да нè потсети на вредноста на оваа писателка. 

Колет излезе од секојдневните стереотипи на француското општество во тоа време, пропагирајќи го феминизмот, љубовта, слободата на мислата, чувството и делувањето. Ние веруваме дека ќе уживате во овој филм, бидејќи културата никогаш нема да стане здодевна. Погледнете го трејлерот кој се надеваме ќе ве натера да го погледнете филмот.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?