По повод Осми Март – Меѓународниот ден на жената, НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола и Организација на жени на Општина Битола, по осми пат го распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ.
Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик, а ќе пишпуваат на тема “Битолската жена како вечна инспирација низ времето“.
Расказот (во 3 примероци) треба да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик. Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик. Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо. Конкурсот е отворен од 27 Јануари 2021 год. до 28 февруари 2021 год.
Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат ,,ученик” во решението на шифрата.
Се испраќа на следната адреса:
Светлана Папачек
Климент Охридски бр.1
7000 Битола
Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди.
За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување.
Ги замолуваме авторите да го почитуваат рокот за испраќање на расказите.
Со среќа на сите. – стои во соопштението на сајтот од библиотеката.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.