Лажеш, лажеш!
Животе не си фер!
Луѓе! Ова е грабеж.
Години чекајте, не одете,
ве преколнувам,
младост моја со себе не водете,
еве ви подарувам стих,
оставете ме насамо со неа еден час тих.
Не одвојувај ме животе од младоста,
не кради ја,
не земај ми ја радоста,
уште малку остави ја.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.