Една учителка смислила најдобар метод да ги научи учениците за последиците од злоставување. Таа на Фејсбук го споделила нејзиното генијално искуство, а ние го споделуваме со вас. Искуството коешто таа го стекнала е корисно за сите нас. Ќе им служи и на родителите и оние кои не се, односно на секој што ќе го прочита текстов и го разбере.
Денеска на еден од своите часови на децата им претставив две јаболки (пред часот едното јаболко неколку пати го фрлив на под. Не можеше да се забележи, двете јаболки изгледаа еднакво совршени).
Го избрав она јаболко кое го фрлив на под и им реков на децата дека не го сакам тоа јаболко и дека мислам дека е одвратно, дека има грозна боја и дршката му е премногу кратка. Им реков дека поради тоа не ми се допаѓа, не треба ниту ним да им се допаѓа и дека треба да го нарекуваат со секакви имиња.
Некои ме погледнаа како да сум луда, но јаболкото помина неколку кругови низ детските раце и добиваше разни имиња. „Ти си смрдливо јаболко. Не знам зошто постоиш. Веројатно имаш црви внатре“ итн. Навистина го растргавме тоа јаболко (не физички) дури што во некој момент ми беше жал.
Тогаш другото, неповредено јаболко почна да циркулира и да добива убави зборови. „Ти си толку убаво јабоко. Имаш убава кора. Колку преркасна боја“ итн.
Потоа ги зедов двете јаболка и повторно зборувавме за сличностите и различките, немаше разлики, двете јаболка изгледаа потполно исто. Тогаш ги пресеков.
Јаболкото кон кое бевме љубезни внатре беше свежо и сочно. Она спрема кое бевме груби беше полно со модринки, а и почнало да гние одвнатре. Мислам дека децата ведшнаш сфатија. Модриците, болката, распаѓањето се случува во секој од нас кога некој нè малтретира со своите дела или зборови.
Кога луѓето се злоставувани, посебно децата, тие се чувствуваат страшно и понекогаш ниту покажуваат ниту кажуваат како се чувствуваат. Да не ги пресечевме јаболките никогаш немаше да знаеме колку бол сме нанесле.
За разлика од јаболката имаме моќ да го спречиме ова што се случува. Можеме да ги научиме децата дека не е во ред да се зборува грдо за другите. Да ги научиме нашите деца да се залагаат едни за други, да се грижат и да спречат било каков вид малтретирање. Јазикот нема коски, но е доволно јак за да скрши срце. Секогаш бидете внимателни што зборувате!
Пораката која оваа вистинита случка се случила пред нецели 3 години останува иста. Моќната поука прикажана преку практичен пример треба да ја сфатат сите. Психичкото и физичкото малтретирање оставаат длабоки траги врз личноста.
Прочитајте ја и следнава приказна за мудрата баба и нејзините внучиња.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.