Занимливости и информации Македонски автори На денешен ден Писатели и поети

Кузман Шапкарев – собирач, публикатор и афирматор на македонските умотворби

Кузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – Софија, 18 март 1909) е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.

Кузман Шапкарев е роден во семејство на сиромашен занаетчија во Охрид на 1 февруари 1834. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието.

До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик.Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови.

По стапките на Димитрија Миладинов, на кого му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби. Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.

Преселба во Бугарија

Во октомври 1893 година заминал за Цариград, испратен од Бугарската егзархија за да биде редактор на планиран бугарски весник таму. Во септември 1884 година заминал за Пловдив, Источна Румелија. Од 1900 година е редовен член на Бугарското книжевно друштво (преименувано подоцна во Бугарска академија на науките).

Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија. Починал во Софија во 1909 година.

Шапкарев е најголемиот собирач на народни умотворби на целиот Балкан

Обемот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Во своето творештво Шапкарев се изјаснува како Бугарин по род.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје