Си отсеков парче душа,
си велам ќе регенерира, што да не.
Сакав да ти трансплантнирам љубов.
Директно во сржта
Ти ја вбризгав со поглед…
Поминаа месеци инкубација,
Но телото не ти ја прифати.
Не ни беа компатибилни душите
Ти беше од родот нарциси.
Софи Индовино