Трансплантирана љубов – Софи Индовино

Си отсеков парче душа,

си велам ќе регенерира,  што да не.

Сакав да ти трансплантнирам љубов.

Директно во сржта

Ти ја  вбризгав со поглед…

 

Поминаа месеци инкубација,

Но телото  не ти ја прифати.

Не ни беа компатибилни душите

Ти беше од родот нарциси.

Софи Индовино

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели