Отвори нова книга – Сабахета Мерсими

Остави надежта да воскрсне

во нови идеи исполнети

од возвишеноста на своите

илузии на фантазијата.

Отвори го својот видокруг

кон пространството на

небесното синило на обоениот

хоризонт на опкружувањето

со отвореното срце и душа.

Не затварај ја книгата никогаш!!

Таа е нашата ѕвезда водител

кон престижот на исполнетоста

на душата и нашето постоење

исполнето со илузии на бескрајноста….

Сабахета Мерсими

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели