Нешто недостасува – Веда

Дали нешто недостасува?

Можеби мечтаење, или длабоко размислување?

Можеби заборавање, солзи, сеќавање или

Илјадници зборови?

Нешто сигурно недостасува

Верување,

Онаа длабоко, искрено за доживотна, бесконечна љубов

Вербата во човекот и силата која може да ја даде

Недостасува

Подобро весело утро…

Нешто недостасува

Земски колорит

Синило небесно

Одраз утрински во прозорец

Допиран од раце

Широка насмевка по ноќна, пријатна, споделена тишина

Недостасува

Другата рака

Онаа што го пополнува

Празниот простор меѓу прстите на десната рака

Она што дава сигурност и води низ животот

Нешто сигурно недостасува

Здив во вратот, нежно упатен

Давател на спокојот

Создавач на душата

Тој што:

Разубавува, развеселува, креира

Ти си тој што недостасуваш!

Раката, одразот, здвивот

Утрото, ноќта, тишината

Животот

Недостасува

Веда

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?