Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Црна смеа – Николина Ќорвезироска

Што сакаш да знаеш за мене

Рацете ми се кршат од молитви,

Гласот ми трепери како папрат,

Кој стои сам на стрмна карпа

Нозете корени цврсто гушнале затрупано време

Се што беше вистинско, се прикраде на прсти

Се скри во шуплина од орев.

Дрвото покрај патот се различило, младо

Раѓа плодови, не знам дали од жал,

Ја слушаат истата песна птиците

Пробуват да ја пеат, во тој кафез мал.

Сета убавина ми доаѓа на дланка,

Како последен бисер од црвен океан

Повторно со иста излитена песна

Срцето пробуваш со мермерна рака да го галиш

И булката крај патот се срами…

дека каменот не знае да сака.

Николина Ќорвезироска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје