Чарлс Дикенс (7 февруари 1812 – 9 јуни 1870) е еден од најважните писатели од 19 век. Неговото влијание се протега многу подалеку од книжевноста. Многу од неговите изрази, ликови и идеи се всадени длабоко во модерната култура. Сто педесет години после неговата смрт, што е она што и денеска го гледаме, а ни го претставил Дикенс во своето пишување?
1. Белиот Божиќ
Модерните критичари Дикенс го опишуваат како „човекот кој го измислил Божиќ“. Очигледно не самиот верски празник туку го шири феноменот во популарната култура која го опкружува. На почетокот на 19-ти век Божиќ станал „едвај вреден за промена“, тврдел критичарот и писател Ли Хант. Само еден пример за ова: одборот на Клубот Карлтон кој во тоа време водел Конзервативна партија ги закажувал најобичните деловни состаноци на Бадник.
Иако принцот Алберт често се смета заслужен за оживување на Божиќ и украсување на божиќни елки, многумина мислат дека популарните описи на Дикенс со свечена атмосфера во текот на тој период од годината станале нацрт кој го следеле бројни идни генерации. Конкретно, идејата за белиот Божиќ – кој бил и уште е релативно необичен настан во поголемиот дел од Велика Британија – се појавува во „Божиќната песна“ како да се случува секоја година.
Во биографијата на Дикенс, Питер Екројд напишал: Во светло на фактот може да се каже дека Дикенс речиси сам ја создал современета идеја за Божиќ. Занимливо е да се истакне дека всушност во текот на првите осум години од неговиот живот постоел бел Божиќ секоја година. Реалноста, понекогаш навистина постои пред идеализираните слики.“ Писателот и ценетиот експерт за Дикенс, Г.К. Честертон можеби најдобро сумирал како романтичниот поглед на Божиќ од славниот писател се проширил по целиот свет.
2. „Дикинсоново“ сиромаштво
Едни од нештата на кои Дикенс најмногу му значеле се оние на дното на општествената скала. Бил меѓу првите кој смело погледнал кон обесправените и осиромашените во викторијанскиот Лондон. Неговиот татко не бил посебно вмешан во раководењето со финансиите и тоа на крајо го сместило него и неговото семејство во затвор за должници цели шест месеци. Младиот Дикенс работел во фамилијарна работилница лепејќи етикети на шишиња за шест шилинзи неделно. Откако станал славен, Дикенс помагал и го популаризирал изразот „црвена лента“, со која ја опишува бирократијата со позиција на моќ која посебно им го загрозува животот на слабите и сиромашните. „Дикенсово“ сега е најлесен збор со кој се опишува неприфатливиот степен на сиромаштво.
Кога во 2009 година претседателот на Здружениот за наставници и предавачи сакал да говори за сиромаштија во некои области не ги опишал како страшни или ужасни туку како „живот кој се однесува на дикенсоновите времиња“. Оваа не толку совршена Англија ја опишувале и други автори како што се Бенџамин Дизраел и госпоѓата Гаксел, но Дикенсоновиот поглед бил тој којшто се одржал со текот на вековите.
3. Модерната комедија на карактерите
За Дикенсоновото читање во живо се вели дека е полно со хумор и глума, а Дикенс умешно ги опонира акцентите и манирите на ликовите кои ги претставувал. „Во големиот број случаи, ако просто сакате да опишете ситуација во заплет во некоја сцена која ви била многу смешна, ќе видите дека таа воопшто не е смешна“, вели професорот Џон Мулам, од Универзитетскиот колеџ цо Лондон.
„Но сè тука е многу смешно. Исклучителна работа којашто ја вовел во романот е комичниот потенцијал на начинот на кој ликовите говорат.“ А некои во оваа област мислат дека Дикенс направил уште повеќе и за модерната генерација комичари. „Нè одбива претставата во која го имаме Чарлс Дикенс како голем викторијански романописец бидејќи укажува на тоа дека бил премногу сериозен“, вели писателот и комичар Армандо Ијанучи.
„А всушност, мислам дека тој е најдобар комичар кој некогаш сме го имале. Повеќето комедии денеска се условени на начинот на кој Дикенс пишувал во 19-ти век и комичарите денеска многу му должат токму нему“. „Се работи за чувство за ритам, колоквијализам и начинот на кој говориме. Во реалноста ние не ги завршуваме речениците и постојано се прекинуваме едни со други“.
4. Филмови
И додека сите, од Гвинет Палтроу до госпоѓица Гица се појавувале во некои од филмските адаптации на Дикенсоновите дела, многумина тврдат дека тој бил подеднакво важен за воспоставување на филмските конвенции колку и за инспирација на самите содржини. Рускиот режисер и теоретичар Сергеј Ајзенштајн рекол дека важните аспекти на филмот настанале како последица на влијанието кое Дикенс го извршил врз револуционерниот режисер Д.В Грифит. Тој тврдел дека Дикенс помеѓу останатите, ја измислил паралелната монтажа – кога две приказни се одвиваат симултано – баш како и крупниот план.
„Идејата дека Дикенс го измислил филмот е секако глупост, но тој бил клучен и многу влијаел на неговиот развој“, вели професорот Грејем Смит, кој ја напишал книгата „Дикенс и сон за филмот“. Еднаш кога пристигнала кинематографијата, неговото дело инспирирало неверојатна количина на први филмови.“
Британскиот филмски институт вели дека постојат стотици филмски верзии на Дикенсоновите дела само во ерата на немите филмови. А тие адаптации се снимаат и денеска. За тоа во најголема мера е заслужен визулениот начин на кој Дикенс пишувал, создавајќи минуциозни описи на локациите. Професорот Теодор Ховет од Универзитетот во Западен Кентаки, тврдел дека Дикенсоновото влијание се протега подалеку од вистинските адаптации на современиот филм всушност пружа теми и техники кои се користат до денешен ден.
5. Имиња со значење
Развојот на ликовите кај Дикенс често се смета за една од неговите најголеми достигнувања. Речникот на британските книжевни ликови наведува 989 именувани ликови во неговите дела, вклучувајќи го секој, од Арабел Ален од „Пиквик клуб“ сè до Јуџин Рејберн од „Нашиот заеднички пријател“.
Иако ликовите во многу романи пред него користеле симболични имиња, Дикенс всушност ја рафинирал таа практика за да сугерира на особините и улогите на ликовите. Оваа техника од тогаш ја презеле сите, од Џејмс Џојс и Томас Пинчон до Ф. Скот Фицџералд и Мартин Ејмис. Неколку најславни ликови станале толку препознатливи што во јазикот влегле како именки.
6. Нашиот став кон законите
„Мрачна куќа“, која се одигрува на Високиот суд пред законските реформи од 1870 година, не е претерано прикриен напад на правниот систем од тоа време. Денешниот став кон адвокатите – им веруваат помалку од четвртина луѓе во Велика Британија, делува барем делимично инспирирано од ликовите како што се господин Токингхорн од овој роман.
Но колку прашањата за кои Дикенс некогаш пишувал се релевантни и денеска? „Кај него централно нешто е она што и денеска претставува голем проблем“, вели вишиот адвокат Ентони Арлиџ. „Многу често, посебно во малите граѓански судења, трошоците за судење ја надминуваат доделената оштета.“
Прочитајте ги и следниве факти за Мадам де Севиње, француска писателка од 17-ти век.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.