Велиш силна сум, силни зборови ми течат
Дај Боже!
Кога болката ми преминува од душата
на срцето
Кога болката ми преминува од едната на
другата нога
Кога залакот го делам на половина
па на четвртина па на осмина
Кога срцето силно ми бие
а јас така силно го држам да не ми пукне.
Земи гума избриши ме
да ме нема,
ќе стојам како сенка пред вратата
и нема да ме видиш
тивко ќе дишам, мумија ќе бидам.
А не знаев дека толку сум силна
Дај Боже!
Дали ангел или ѓавол сум?
Ми треперат рацете, која сум јас?
Во очите твој сила
Во себе ништо,изгубена силуета.
Земи гума избриши ме
да ме нема, тогаш
и таква сила моја нема да те прати.
Земи гума, избриши ме
кога сонцето силно грее,
не сакам да ми студи.
Или земи гума избриши ме
кога сонот ќе ме надвладее
зошто болка не сакам да трпам.
Ајде земи гума избриши ме.
Менче Кадинец