Занимливости и информации Литература Мисли и цитати

Мисли од Шарл Бодлер, највлијателниот француски поет од 19 век

Шарл Бодлер (9 април 1821, Париз – 31 август 1867) бил еден од највлијателните и најдобри француски поети од 19 век. Бил и претходник и ги поставил темелите на модернизмот. Тој исто така е и преведувач, есеист и книжевен критичар. Бодлер е уметник кој водел „боемски“ живот, кој бил застапен меѓу уметниците во средината и крајот на 19 век. Неговото најпознато (воедно и скандалозно) дело е збирката „Цвеќињата на злото“, која е објавена во 1857.

1. „Секогаш биди поет дури и во прозата.“

2. „Тешко можат да замислам убавина во која нема малку меланхолија.“

3. „Ништо не може да се направи освен малку по малку.“

4. „Мажите најдобро се сноаѓаат покрај жена која најдобро се снаоѓа без нив.“

5. „Треба да се биде пијан! И тоа е единствено важно..А со што? Со вино, поезија, доблести – со она што ти е драго. Но, биди пијан!“.

6. „Ако светот и не постои измисли го. Но претходно увери се дека не постои!“.

7. „Те сакам бидејќи ми даде љубов. Ја сакам љубовта бидејќи ти ми ја даде.“

8. „Здравиот човек може да преживее без храна два дена. Но не и без поезија.“

9. „Ние сме оптоварени во секој момент, концепција и сензација на времето и постојат само две средства за помош со кои можеме да побегнеме и да ја заборавиме оваа ноќна мора: задоволство и работа. Задоволството нè троши. Работата нè јакне. Ние бираме.“

10. „Кога сè ќе се земе во предвид работата е помалку досадна од забавата.“

11. „Избезумената страст за уметноста е жива рана која голта сè останато.“

12. „Не гледам никаква утеха во тоа што ќе го надживеам пријателот и ќе остане само споменик на минатите времиња.“

Прочитајте ги и следниве мисли од Радјард Киплинг.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје