Занимливости и информации Литература Мисли и цитати

Цитати од нобеловецот Радјард Киплинг кои сè уште важат иако се напишани одамна

Радјард Киплин (30 декември 1865, Бомбај, Индија – 18 јануари 1936, Лондон) е англиски писател, новинар и нобеловец. Пишувал романи, песни и кратки приказни, а крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век бил еден од најпопуларните писатели во Велика Британија. Во 1907 година ја добил Нобеловата награда за книжевност, а неколкупати бил номиниран за британски поетски лауреат и витез.

Прочитајте ги во продолжение неговите мудри цитати чиешто значење не се изменило до денеска.

1. „Претпоставувањето на жената е многу поточно од цврстото уверување на мажот.“

2. „Најглупавата жена може да управува со паметен човек, но да управува со будала – може само паметна жена.“

3. „Зборовите се, секако, најмоќниот лек што човештвото го користело.“

4. „Ниедна лесна надеж или лага нема да нè доведе до нашата цел туку железна жртва на телото, волјата и душата.“

5. „Сите луѓе како нас се ние, а сите останати се оние.“

6. „Секој повеќе или помалку е луд по едно прашање.“

7. „Ох, Исток е Исток, а Запад е Запад и никогаш двајцата нема да се сретнат.“

8. „Што вреди да се галопира ако се тргне во погрешен правец.“

9. „Сите ние сме острови што фрламе лаги едни кон други преку мориња од недоразбирање.“

10. „Ако историјата беше научена преку форма на приказни, никогаш немаше да биде заборавена.“

11. „Од најголемите лажговци во светот, понекогаш најлоши се нашите сопствени стравови.“

12. „Човекот никогаш не може да има премногу вино, премногу книги или премногу муниција.“

13. „Ги чувам следниве шест искрени нешта што му служат на човекот (ме научија сè што знаев). Нивните имиња се Што и Зошто и Кога и Како и Каде и Кој.

14. „Ниедна цена не е толку висока за да се плати привилегијата за себепоседување.“

15. „Мора да научите да му простите на човек којшто е вљубен. Тој секогаш е досаден.“

16. „Градините не се направени од пеење: „Ох, колку убаво!“ и од седење под сенка.“

17. „Нема поголем грев од незнаењето. Запомнете го ова.“

Прочитајте ги и следниве мисли за промената!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје